Ѓоковиќ за пијанството: Леле, и мајка ми ќе го гледа ова ! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ гостуваше во емисијата "Vice Sports", во која откри некои до сега непознати детали од својот живот.

Српскиот тенисер е познат по тоа што не консумира алкохол, но во интервју призна дека се опивал како млад .

"Дали некогаш се опуштате и во какви околности? Дали некогаш сте се опиле?" го праша водителот.

„О, да ! Леле, мајка ми ќе го види ова ...“, рече Ѓоковиќ, покривајќи го лицето како да се срами, но тоа беше само шега.

"Да, се опивав додека пиев алкохол. Сега сум опиен само од љубов или други работи. Кога последен пат пиев алкохол? Не пијам со години. Бидејќи не пиев долго време, една чаша е доволна за да ме удри и не знам каде сум “, рече Ѓоковиќ, додавајќи:

"Ако вакви работи се сметаат, имав многу пијанства. И јас не се срамам од тоа, затоа што тоа е составен дел од мојот живот. Јас работам кон исполнување на моите спортски цели. “, рече најдобриот тенисер на светот.

Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

притисни ентер