Серена Вилијамс повторно ги урива табуата (ВИДЕО)

Серена Вилијамс дизајнираше фустан за кој вели дека добро им стои на сите жени , но сепак доби критики.

Тениската легенда Серена Вилијамс, воедно и модна икона, но и мајка на двегодишно девојче, дизајнираше фустан што според неа одговара на „секого и сечие тело“.

Позната по своите смели модни потези на теренот и на црвениот тепих, Серена лансираше нова модна колекција со цена за фустани од 107 евра, која веднаш е распродадена. Таа го претстави фустанот со заврзан преден дел на својот Инстаграм профил. Седум жени со различни облици на тело позираат во црвен фустан, а најважната карактеристика на фустанот е, како што истакнува Серена, дека им одговара на сите жени без оглед на формата на телото во кои можат гордо да ги истакнат нивните облини.

Во моментов, фустанот е достапен на веб-страницата Серена Вилијамс во само две, најголемите димензии 2X и 3X.

Иако многумина го фалат последниот потег на Серена Вилијамс бидејќи крши табуа и испраќа силна порака, не сите се воодушевени од „фустанот што им одговара на сите“. Коментарите како „Ниту една жена не изгледа добро со голем јазол среде стомакот“ може да се прочитаат на Твитер.

 Познатата тенисерка е добро позната како поборник за природна убавина, која не ја пропушта можноста да ја истакне важноста за прифаќање на сопственото тело со сите свои недостатоци.

Неодамна таа беше на насловната страница на модниот магазин Harpers Bazaar во златен фустан , што ги истакна нејзините облини .

Поради смртта на Коби Брајант влезниците за дербито во Л.А. од 84 ,стигнаа на 1 200 долари

Трагедијата што длабоко го потресе светот на спортот стана за некои можност за невиден профит. За тоа сведочи неверојатниот скок на цените на билетите за натпреварот помеѓу Лејкерс на Коби и градскиот ривал Клиперс.

Дербито на Л.А.  беше предвидено да се игра вечерва во Центарот Стејплс, два дена по смртта на Коби Брајант. Натпреварот, кој сам по себе е исклучително привлечен затоа што градското дерби кое го играа двете водечки екипи на Западната конференција, стана исклучително популарен по предвременото заминување на Коби.

Сепак, на барање на Лејкерс и со одобрение од Клиперси, НБА лигата го одложи натпреварот, што се случува  по петти пат во историјата. Овој натпревар исто така ќе беше познат по рекордните цени на влезниците.

Вчера, веб-страницата на ЛА Лејкерс Ticketsexchange објави дека најевтиниот билет, за место далеку под сводот на салата, од каде што теренот е скоро невозможно да се види и кој инаку чини 84 долари, достигна цена од 1200 американски долари. Веб-страницата објави дека за место на паркетот требало да се плати дури 28.050 долари.

По дебаклот на Еуро 2020, Франција доби нов селектор

Ракометната репрезентација на Френција, која доживеа дебакл на неодамна завршеното Европско првенство, ќе добие нов селектор, Гијом Гил (43).

Гил беше помошник на Дидие Динарт, кој беше отпуштен откако Французите беа запрени во првото коло на ЕП, откако загубија од Норвешка и Португалија.

За време на неговата играчка кариера, Гијом Гил освои два златни олимписки медали со францускиот тим (2008, 2012), двапати како светски шампион (2001, 2009) и двапати како европски шампион (2006, 2010).

Гил веќе имаше тешка задача во април, на квалификациите за Олимпијадата во Токио. Квалификацискиот турнир, на кој ќе бидат поканети двајца патници за Олимпијадата, ќе се одржи во Париз од 17 до 19 април, со натпревари меѓу Франција, Хрватска, Португалија и Тунис.

Фаталната Србинка му одржа лекција на Федерер (ВИДЕО)

Маријана Вељовиќ  му го украде шоуто на легендата на Австралија опен,Роџер Федерер , кој има рекордни 20 гренд слем титули, од кои шест во Мелбурн.

Роџер Федерер е на домашен терен, каде секогаш е во центарот на вниманието. Поточно, тој беше таму се додека неговиот статус на главна sвезда не му го украде српската судијка, која го привлече вниманието поради атрактивниот изглед , поради што навивачите пееја  „Маријана, слатка мала Маријана…“

Вељовиќ судеше на  напнат натпревар во четвртфиналето во кое Федерер славеше против Тени Сандгрен по три и полчасовна битка со 3: 6, 6: 2, 6: 2, 6: 7, 6: 3. Тој стигна до 15-то полуфинале на овој Гренд Слем по уште еден маратон, претрпејќи повреди на грбот и нозете, што го направи нервозен.

Начинот на кој атрактивната судијка го смири Федерер во вториот сет стана хит кај љубителите на тенисот. Секоја грешка на Федерер беше проследена со пцовки и викање.

Таа го повика на страна и му одржа лекција за културно однесување на теренот. Во најголем дел, Федерер молчеше и ја слушаше судијката, а потоа зеде докторска пауза. По оваа лекција до Федерер, фаталната српска судијка стана најбараната личност на Австралија опен и најсподелувана на социјалните мрежи .

притисни ентер