Низ европските болници се шири супербактерија , отпорна на антибиотици

Според најновите истражувања , низ европските болници се шири бактеријата Klebsiella pneumoniae, отпорна на сите познати антибиотици.

Освен оваа бактерија , научниците предупредуваат дека и други бактерии можат да станат отпорни на антибиотици , поради начинот на пренос на резистентноста. Klebsiella pneumoniae може да живее во нашите црева и да не создава проблеми.

Но , при ослабнатимунитет може да предизвика воспаление на белите дробови ,менингит и други воспалителни процеси. „Алармантно е што овие бактерии станаа отпорни на клучните антибиотици од последната линија, карбапенеми“, рече д-р Софија Дејвид од Институтот „Сангер“.

„Поради оваа причина, инфекцијата со оваа бактерија е поврзана со висока стапка на смртност. Загрижувачки е што само во 2015 година регистриравме 2000 смртни случаи предизвикани од овој вид бактерии, а нивниот број сигурно ќе продолжи да се зголемува доколку не бидат преземени потребните мерки. “, додаде таа.

Бројот на смртни случаи во Европа како резултат на инфекција отпорна на карбапенем ,се зголеми од 341 во 2007 година на 2.094 во 2015 година.

Според неодамнешната студија која ја анализира ситуацијата во 244 болници од Ирска до Израел, болниците станаа главно жариште на инфекции од K. pneumoniae отпорни на антибиотици.

„Резултатите од студијата укажуваат дека болниците се примарно место за ширење на инфекцијата, односно бактеријата се пренесува од личност до личност првенствено во болниците“, изјави Дејвид.

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата.

Полицијата во Мериленд соопшти дека станува збор за двајца мажи, на возраст од 26 и 35 години, од Гватемала и Мексико. Двајцата работници биле дел од градежната екипа од шест лица која во моментот на несреќата била на должност на мостот „Френсис Скот Ки“..

Останатите четворица работници се уште се водат за исчезнати, а 18 часа по несреќата беше објавено дека се претпоставува дека се мртви.. Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД..

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер