Двајцата пријатели се подготвуваат заедно да заиграат во Барселона

Дани Алвес им нареди на своите агенти да почекаат до последен момент со неговиот трансфер , се додека има шанса да се врати во Барселона.

Според шпанските медиуми , клучна причина зошто Бразилецот чека до крајниот рок во август на својот трансфер е враќањето во каталонскиот клуб , каде го чека неговиот голем пријател Нејмар.

Тоа би се случило самно доколку Нелсон Семедо замине во Париз , како дел од трансферот на Нејмар. Алвес , во секој случај може да одигра уште неколку сезони во врвниот клуб, уште повеќе зашто на неодамна завршениот Копа Америка беше прогласден за најдобар играч.

За неговото здравје се распрашува и Пеп Гвардиола , но трансферот во тој случај би зависел од продажбата на Данило. За Алвес оваа сезона се заинтересирани и Интер , Јувентус, Арсенал и Дортмунд.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер