Најбрзиот Американец освои уште три златни медали , собори децениски рекорди во пливање

Американецот Кејлеб Дресел продолжи со доминацијата на Светското првенство во пливање што се одржува во кинескиот град Гванжу.

Дресел денеска во својата богата колекција , додаде уште три златни медали и тоа во конкуренција поединечно на 50 метри слободно , на 100 метри пеперутка и во штафетата 4х100 метри слободно. Дресел за 20 дена ќе наполни 23 години.

Во дисциплината на 50 метри , тој го собори 10 години стариот рекорд на Бразилецот Цезар Сиело. Со досегашните резултати и уривањето на рекордите на до сега најбрзиот Американец , Мајкл Фелпс, Дресел би можел да освои рекордни седум златни медали на Светското првенство во Гванжу.

До денеска тој има освоено шест златни и еден сребрен медал , со што ќе го надмине сопствениот рекорд постигнат пред две години во Будимпешта.

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

Италијанец погоди „шестка“ и доби 60 милиони евра

Среќен Италијанец е побогат за фантастични 60 милиони евра.

Анонимен Италијанец играл „ SuperEnalotto" и погодил „шестка“ за добивка од 60 милиони евра.

Добитните броеви биле 16, 24, 29, 53, 73 и 88, „ Jolly" бројот бил 62, а суперстар“ бројот бил 50 .

Среќниот добитник неверојатната награда од 60 милиони евра ја добил со вложени само три евра.

притисни ентер