Спортски викенд по повод Денот на Општина Илинден

Во рамки на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката и патрониот празник на Општина Илинден, утре и задутре ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2019".

На оваа традиционална спортска манифестација што се реализира по 11-ти пат се очекува да учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, атлетика – трчање, тенис, баскет и голем фудбал.

Како што информира Општина Илинден, централен настан ќе биде традиционалната професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2019", што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. И оваа година „Трофеј Илинден 2019" ќе има интернационален карактер бидејќи се очекува да учествуваат над 70-на велосипедисти од неколку држави, кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

Стартот на трката е закажан за сабота во 16:00 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев", каде ќе биде и целта. Патеката е кружна, ќе се возат четири круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, при што должината на еден круг е 25 километри.

Како вовед во професионалната трка ќе се одржи велосипедска трка за рекреативци во должина од пет километри, на која можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, независно од нивната возраст.

Натпреварите во атлетика – трчање на кои ќе настапат над 200 ученици и младинци во трките на 50, 150, 300, 600, 800 и 1500 метри, ќе се одржат на пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино.

На турнирот во шах што ќе се одржи во Домот на култура „Илинден", а се реализира во соработка со Шаховската федерација на Македонија, ќе учествуваат 40 шахисти.

На тенискиот турнир ќе настапат 16 тенисери, додека на натпреварите во баскет во Спортскиот центар „Марино" ќе учествуваат 10 екипи.

Во рамки на Спортскиот викенд „Илинден 2019" на фудбалското игралиште во Марино ќе се одигра фудбалски натпревар меѓу екипите на новиот второлигаш „Кадино" и „Пелистер" од Битола.

Покровителот на оваа традиционална манифестација, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, маици, пехари и медали./ МИА

Први резултати од вештачењето на телефонот на мајката на Данка, избришени многу пораки

Првите информации од вештачењето на телефонот на мајката на исчезнатиот Данке- Многу пораки и повици се избришани на денот на исчезнувањето! 

Прегледот на телефонот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка, откри шокантни информации.

Според неофицијални сознанија од истрагата до кои дојде српски Информер, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Според и ннформации на информер, многу пораки и податоци за повици биле избришани.

- Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но остануваат во базата на податоци - вели изворот на Информер.

Електромобилот „Шјаоми СУ-7“ пуштен во продажба

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. 

Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ (Xiaomi) го пушти во продажба своето прво електричен автомобил - „Спид ултра 7“ (Speed ​​​​Ultra 7, СУ-7). Извршниот директор на компанијата, Леј Јун изјави дека цената на возилото ќе биде околу 28.000 евра, пренесува „Би-би-си“.

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. Автомобилот, најавен лани, се споредува со моделите на спортски автомобили „Тајкан“ и „Панамера“ на „Порше“. Производството ќе се одвива во Пекинг, Кина, во државната фабрика што може да испорача до 200.000 возила годишно. „Шјаоми“ најави и влог од 10 милијарди долари за развој на возила за следните 10 години.

На кинескиот пазар на електромобили, инаку, се натпреваруваат и „Тесла“ и „БИД“, па со влезот на „Шјаоми“ како трет избор, се предвидува и нова борба за цените.

- Крајното достигнување би било да се покаже дека има потрошувачки пазар и за „Шјаоми“ како бренд на паметни електрични возила, изјави стручњакот од „Аутомобилити“ (Automobility), Бил Русо.

Тој верува дека влезот на пазарот за автомобили ја одразува довербата на „Шјаоми“ во важноста на брендот во и вон матичната Кина. /МИА

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

притисни ентер