Хан ги кажа црвените линии: Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови

- Македонија работеше вредно и време е ЕУ да ги исполни своите обврски. Уверен сум дека во октомври ќе добиете зелено светло и веднаш ќе може да започнеме со преговорите.

- Но, затоа неопходно е да се продолжи со натамошно спроведување на реформите, особено во делот на овозможување на владеење на правото преку усвојување на законот за јавно обвинителство и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот.

Ова го порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на вчерашната заедничка прес-конференција во Скопје со премиерот Зоран Заев. Притоа, тој нагласи дека сите политички чинители треба да ја имаат предвид иднината и интересите на граѓаните и државата и апелираше до политичките партии што побрзо да дојдат до решение за законот за јавно обвинителство.

-Ги поттикнувам сите политички партии што побрзо да дојдат до решение. За нас има само неколку црвени линии, а најважно е во секое решение да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да биде гарантирано. Ние така го гледаме владеењето на правото, истакна Хан одговарајќи на новинарско прашање на прес – конференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев.

Судскиот систем, како што посочи еврокомесарот Хан, мора да рабори според правилата и тоа мора да го почитуваат сите.

Премиерот Заев пак, истакна дека земјава заслужува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ поради тоа што изминатите две години напорно работела на таа цел и изрази уверување дека во октомври, конечно по 15 години ќе го добиеме долгоочекуваниот датум за преговори и дека ЕУ ќе го исполни своето ветување. Во меѓувреме, рече, ќе продолжиме да работиме на реформите за да не и се даде алиби на ЕУ за поинаква одлука. Порача дека власта е отворена за соработка со опозицијата за сите клучни прашања важни за интересот на граѓаните и државата.

Со еврокомесарот Хан, рече, споделиле искрени очекувања дека благодарение на процес што ги става и двете условни страни, и власта и опозицијата како победници, до крајот на овој месец да се постигне политички концензус, а на крајот на август почеток на септември да се изгласа законот за јавно обвинителство. Во тој контекст го информирал Хан дека е прифатено барањето од опозицијата изнесено во преговарачкиот процес, за спојување на обвинителствата.

-Има јасни легални клаузули за 30 јуни 2017 година и употребата на прислушуваните разговори. Еднаквоста и принципиелноста во континуитет на сите јавни обвинители во државата и изедначеност на јавните обвинители во новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Така што опозицијата е вградена во овој закон и верувам дека имаме видлива ситуација која на крајот ќе им служи чесно на граѓаните, каде што политичарите се надвор од процесот на одлучување за иднината на предметите, за правните аспекти и оставено е целосно на јавно-обвинителскиот систем, како и на судството да ги носат одлуките, истакна Заев.

Со еврокомесарот Хан се сретна и вицепремиерот Бујар Османи кој на прес-конференцијата со директорот за државни патишта Зоран Китанов, одговарајќи на новинарски прашање дали нашата земја ги испонува критериумите за почеток на преговори со ЕУ, посочи дека мото на Владата за периодот до октомври е реформи – реформи, а фокусот е донесување на законот за јавно обвинителство.

– Денеска имав средба со еврокомесарот Јоханес Хан и кажав дека нашето мото во овој период по јуни беше реформи – реформи до октомври. Ние не застануваме и покрај тоа што Комисијата има констатирано дека сме ги исполниле сите услови. Прашањето што до октомври треба да го заокружиме е законот за Јавно обвинителство и тука ставовите на сите ни се јасни. Како вицепремиер за европски прашања и како претставник на ДУИ можам да кажам дека нашите основни постулати се два, а тоа е дека мора да има обвинителство, односно институција која ќе се занимава со висока корупција и второ дека мора да се продолжи со тоа што е почнато од страна на Специјалното јавно обвинителство, нагласи Османи.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување имаше средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која, како што соопштија од партијата, Мицкоски изразил загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето датум за преговори, како и, како што се наведува, отсуството на волја кај Владата во справувањето со растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта.

– Немањето волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал се гледа и во предлог законот на премиерот Заев за организирање на обвинителството каде наместо непристрасна борба против корупцијата се нудат решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци и заштита на криминалот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси.

Воедно, истакнал дека услов за нова лидерска средба и дијалог со власта за повеќе прашања е одредување на датум за предвремени парламентарни избори како начин за враќање на процесите на вистинскиот пат и обезбедување на европска иднина за земјата./МИА

Герапетритис: Грција нема да го поддржи барањето на Косово за членство во Советот на Европа

Паралелно посочи дека „Грција во надворешната политика останува принципиелна“ .

Грција ќе апстинира од гласањето, односно нема да го поддржи барањето на Косово за членство во Советот на Европа од политички причини, истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за општинското радио од Пиреас „Канал 1“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција во однос на процесот за членство на Косово во Советот на Европа објасни дена постојат три нивоа од кои првите две се необврзувачки, односно мислењето на надлежната комисија на Парламентарното собрание и гласањето на пратениците од ПС, кои излегоа со позитивен став.

-Но, овие две мислења се необврзувачки. Клучен орган, орган што носи одлуки за членство на Косово во СЕ е Советот на министри што ќе одржи состанок на 16 мај и ќе одлучи суверено. Независно од позициите што беа изразени, како на ниво на извештајот на Комисијата, така и на Парламентарното собрание во кое членуваат пратеници и не станува збор за влади на земјите-членки, позицијата на Грција останува цврста и непроменета. Како што сторивме и во минатото во слични случаи, Грција ќе апстинира од ова гласање, односно нема да го поддржи барањето за членство на Косово во Советот на Европа од политички причини, истакна Герапетритис.

Објасни дека иако еден од условите беше исполнет, сепак „не се исполнети некои од основните барање, како што е формирањето на Заедницата на српските општини во Косово и според тоа не е сменета суштинската политика на Грција“.

Паралелно посочи дека „Грција во надворешната политика останува принципиелна“ и истакна дека го охрабруваат дијалогот Приштина – Белград, сакаат мирно решавање на разликите, но сè зависи од волјата на инволвираните страни.

Во вторникот, Парламентарното собрание на Советот на Европа, со 131 глас „за“ го усвои извештајот на известувачката на СЕ за Косово, Дора Бакојани за членство на Косово во организацијата, а конечната одлука за членство ќе биде донесена следниот месец по гласањето на министрите за надворешни работи на Советот. /МИА

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик .

- Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево" Битола, соопштија денеска од МВР.

Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.

- Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист, појаснуваат од МВР во соопштението.

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други, сега нудиме помош за справување со миграција

Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција, истакна денеска дополнителниот заменик - министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Кавадарци.

Тој со дел од раководството на МВР оствари работна посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ во Кавадарци, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Македонија, заедно работење на македонската полиција, со полицијата ја Европската Унија, ФРОНТЕКС.

- Ова е значаен договор што беше постигнат, со цел да ги одбраниме и нашите граници и границите на Европската Унија, од приливот на мигранти. Тоа успешно го правиме. Овој договор има една голема историска важност. Бидејќи Министерството за внатрешни работи со тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише првиот договор со ЕУ на македонски јазик. Со тоа ги урнавме сите лажни вести дека јазикот е продаден, јазикот не е заштитен, рече Бојмацалиев.

Со тоа, подвлече, уште еднаш се покажува дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции.

- Заедно работиме и од пред некое време, веќе имаме барање и од други полиции, со цел да вршиме обуки на нивните полицајци, како се справуваме со миграцијата, додаде Бојмацалиев.

притисни ентер