Харадинај планира за утре да закаже седница на косовската Влада

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој вчера беше сослушан во Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг,  планира за утре да закаже седница на косовската Влада, која со поднесувањето на оставката самиот ја урна.

Наведувајќи дека станува збор за антиуставна намера телевизијата  КТВ , повикувајќи се на свои извори, наведува дека таа седница, доколку биде свикана, ќе се оддржи практично една недела откако Харадинај поднесе неотповиклива оставка.

Телевизијата потсетува дека косовскиот Устав за ова прашање е јасен и дека еден од неговите членови кажува дека со оставката на премиерот паѓа и целата Влада.

притисни ентер