Законот за ЈО стигна во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ е против

Пратениците го добија предлог законот за јавно обвинителство заедно со новото законско решение за Советот на јавни обвинител.

Премиерот Зоран Заев очекува законот којшто го уредува идното функционирање на СЈО ќе ја добие поддршката од опозицијата поради тоа што голем дел од нивните забелешки се прифатени.

За на негодувањата на опозицијата Вилма Русковска да биде шеф на новото обвинителство. Заев вели тој не дал таков предлог.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју пак вели имаат принципиелни забелешки на предлог законот на власта. Според Мицкоски смета дека, поради случајот „Рекет“, целиот кадар на СЈО е контаминиран и обвинителите треба да се вратат во обвинителствата од коишто биле преземени. Според најавите од собранискиот спикер, Талат Џафери законот на седница може да се очекува веќе во понеделник, а доколку има договор меѓу партиите новото законско решение може да биде изгласано до крајот на август.

Заев вели „метлата“ што ја спроведе во партијата не е поврзана со засега неофицијалните информации дека двајца високи функционер на СДСМ се вмешани во случајот „Рекет“. Вели секој од разрешените потпретседатели остануваат негови блиски соработници.

Премиерот ги повика сите кои имаат информации за криминални активности истите да го достават до надлежните институции.

Средба Битиќи – Доер Вос: Германската поддршка за реформите во економијата е една од најважните

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава.

Економската соработка помеѓу Македонија и Германија беше главна тема на разговор на работната средба во Берлин на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со државната секретарка во германското Федералното министерство за економија и енергетика, Клаудија Доер Вос.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава, особено кога станува збор за реформите во економијата.

Битиќи, како што соопшто неговиот, кабинет констатира дека економската соработка на земјава со Германија е на исклучително високо ниво.

– Веќе традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Македонија, како последица на голем број на директни инвестиции на компании од Германија. Беше потенциран и процесот на „near-shoring" кој подразбира преселба на голем дел од производството на компании од високоразвиените земји кои имаа сопствени капацитети во земјите од Далечниот Исток во нивна непосредна близина, а Македонија секако е една од дестинациите каде дел од ова производство ќе биде трансферирано, се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека на состанокот вицепремиерот Битиќи ги претставил и преземените чекори за развивање на 20-годишна Национална развојна стратегија на земјава до 2041 година, во која ќе бидат опфатени сите аспекти на општественото живеење, а која треба да обезбеди одржлив економски раст.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Доер Вос, енергетиката, индустријата, заштитата на животната средина и спроведување на структурни реформи во економијата ги дефинираа како области каде би можела дополнително да се унапреди соработката.

Тие заклучија дека како една од конкретните мерки со кои директно ќе се помогне на инвеститорите, особено оние од преработувачката индустрија, а која е и дел од владината програма, е измената на царинскиот тарифник и негово прилагодување на царинските стапки во ЕУ. /МИА

Ковид пандемијата го отежнува пристапот до хормонска терапија за децата со низок раст

Билјана Стефановска  својата ќерка ја приметила на нејзината осма година дека до претходната година го носи ист број на патики и облека. 

Таа се обратила на доктор каде добила одговор дека детето мора да прима хормон за раст. Пред три годни само 100 деца примаа хормон за раст, Фондот за здравство дозволи доплнително 60 деца да се стават на листата за примање на овој хормон со што се намали времето на чекање на листата.

Докторите од клиниката за детски болести со апел до матичните доктори, родителите да ги следат децата, но и редовно систематски прегледи каде ќе се следи растот на детето до пубертетот.

На светскиот ден на одбележување на раст кај децата денот се посветува на родителите кои во време на пандемијата не ги носат своите деца на контрола дури и не примаат хормон за раст.

Во Македонија во овој момент 160 деца се на терапија на хормон на раст. Медицинските испитувања ги закажуваат матичните доктори до клиниката за детски болести.

Тензично на релација Белград-Приштина

Нови тензии на релација Белград – Приштина откако рано утринава косовските специјални сили „РОСУ“ се распоредија на двата административни премини Јариње и Брњак на северот од Косово.

Целта како што соопштија косовските власти е спроведување на бриселскиот договор и обезбедување на привремени регистарски таблички за возилата со српски ознаки. Ваквиот потег наиде на негодување од тамошното српско население кое излезе на протести и блокади.

Ова е мирен протест, ние сакаме да протестираме и не ви правиме проблеми. Имаме целосно право / Протестот не е најавен, мора да се тргнете. / Ќе го најават горе / Не, не, преведувај добро ти, преведувај правилно и добро/ Протестирајте, но оставете го патот отворен.

Дел од лидерите на косовските Срби повикаа на разум и смирување на страстите од двете страни, но и побараа итна реакција од Белград.

-Ги повикувам сите и тие тука на разум, на мир, да не наседнуваат на провокации, ја повикувам Приштина да не наседнува на провокации или да предизвикува провокации. А во исто време го повикувам и Белград, ја повикувам Србија, го повикувам Претседателот Вучиќ да ни помогне.- Горан Ракиќ – Српска листа.

-Ако можам да кажам во една реченица, намерата на Приштина е Србите да бидат ставени во едно такво гето, за целосно да им се оневозможи нормален живот.-Игор Симиќ – Српска листа.

Косовскиот премиер Албин Курти пак од собранието порача дека одлуката според него е исправна и дека се додека граѓаните на Косово плаќаат за табличките кога ќе влезат во Србија, на сила ќе биде и обврската сите возила да имаат и косовски ознаки.

-Во врска со односите со Србија, јас ве потсетувам на потпишаните договори и нивното почитување. Не зборувам за афирмацијата на вредноста која ја имаат тие договори.-Албин Курти – Премиер на Косово.

Итно смирување на ситуацијата и намалување на тензиите помеѓу Белград и Приштина побараа и од Европската Унија.

-Ги повикуваме двете страни да се воздржат од унилатерални акции и ги намалат тензиите, итно без одложување. Тензиите мора итно да бидат намалени.-Петар Стано – Портпарол на ЕК.

Темата за настаните на северот од Косово се очекува да преовладува и на денешната средба на српскиот претседател Вучиќ со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак. Српскиот претседател за попладнево закажа седница на сСоветот за безбедност за случувањата на северот од Косово, на која според дел од српските медиуми се очекува да се разгледа и повлекувањето на Белград од сите претходни договори.

притисни ентер