Обвинителството не открива нови детали за текот на истрагата

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција засега не откриваат во која насока се одвива истрагата за “Рекет” и каква била улогата на специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева во овој случај.

Вториот телефон кој беше пронајден дури вчера кај девојката на нејзиниот син е даден на вештачење. За првиот тоа заврши уште во понеделникот, но обвинителството и понатаму не соопштува дали се пронајдени докази за евентуалната нејзина инволвираност.

Многу дилеми останаа отворени и по вчерашната прес-конференција на Јанева, каде таа по една недела боледување се обрати до јавноста, но не одговори на ниту едно новинарско прашање. Истрагата треба да даде одговор зошто таа претходно тврдеше дека нејзиниот втор мобилен телефон е изгубен во Белград и зошто истиот телефон, кој е службен, го подарила на девојката на синот, која исто така била вработена во СЈО?

Едно од главните прашања е во кое својство Јанева се вклучила преку интерфон во разговорот меѓу Боки 13 и Орце Камчев, за кој обвинителството соопшти дека има видео и аудио докази.

Јанева вчера соопшти дека имала сознанија дека и го злоупотребуваат името, но за адвокатот Драган Малиновски чудно што веднаш тоа не го пријавила до надлежните институции.

“ Позицијата на обвинителката е таква што не дозволува било каква резерва во поглед на реакција доколку има такви сознанија, што значи дека таа е должна да реагира на таквите состојби, на нејзината злоупотреба употреба.. Едноставно тоа морало на соодветен начин да биде пресретнато, да се одреагира и да се спречи една таква појава, односно да не биде ставена во функција на криминални активности. “ – вели Малиновски.

Јанева денеска нешто по 11 часот се појави на работа, откако одлучи да го прекине боледувањето. Од СЈО велат дека сите обвинители доаѓаат на своето работно место, но работата во обвинителството стагнира, во очекување на разврска и на аферата „Рекет“ и на новиот закон за обвинителството, со кој треба да се реши нивната судбина.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер