Анѓушев: Од комуникацијата со бизнис-секторот се креираат најсоодветни политики за економски раст

Владата и бизнис-секторот имаат отворена и искрена комуникација, преку која се креираат и имплементираат најсоодветни политики за побрз и одржлив економски раст во Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната трета седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог истакна дека Владата и бизнис-секторот имаат отворена и искрена комуникација, преку која се креираат и имплементираат најсоодветни политики за побрз и одржлив економски раст во Македонија.

Средбата се одржа во рамките на Проектот за подобра бизнис регулатива, спроведуван од Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија, во соработка си ЕПИ центар, поддржан од УСАИД.

Како што соопшти Кабинетот на Анѓушев, вицепремиерот нагласи дека со меѓусебна соработка помеѓу Владата и стопанството, претставувано од стопанските комори, во изминатиот период се донесени низа економски политики, закони и мерки, кои се во насока на технолошки развоj и воведување иновации, а со тоа и подигнување на конкурентноста на компаниите, но и за раст на плати и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

-Законот за финансиска поддршка овозможува подеднаква поддршка за домашните и странските компании, со новиот Закон за енергетика се раздвижува енергетскиот сектор и се овозможени инвестиции во обновливите извори на енергија, Законот за јавни набавки и Законот за практиканство, сите овие законски решенија се донесени преку отворени дебати и на барање на стопанството, пред се во насока на подобрување на бизнис климата во земјата, појасни Анѓушев.

Вицепремиерот дополни дека продолжуваат активностите во изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура, како и гасификацијата и електро енергетските проекти, за зголемување на конкурентноста на економијата во Македонија, при што најави дека во периодот кој следи Владата ќе објави нови мерки кои ќе стимулираат забрзан раст на платите, но и на севкупната економија.

Претставниците од стопанските комори, како што се наведува во соопштението, изразија очекување дека соработката помеѓу Владата, министерствата и бизнис-секторот ќе продолжи да се развива во позитивна насока и дека ќе се задржи позитивниот тренд да бидат консултирани при носење важни законски решенија, со кои би било засегнато стопанството. /МИА

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

притисни ентер