Филипче: Направени неколку измени во Законот за здравствена заштита

Измените се изготвени на барање на комори, здруженија, млади лекари и невладини организации.

Промена на договорите што ги потпишале специјализантите, дополнителна заработувачка на докторите и тимовите од анестезиолози, сестри и болничарите кои попладне ќе останат да работат, можност пациентите да изберат лекар, укинување на менаџерскиот испит за директори и пензионираните доктори да можат да работат како консултанти доколку тоа го бара институцијата во која работеле, предвидуваат измените на Законот за здравствена заштита кои се во собраниска процедура, а денеска на средба со новинарите ги презентираше министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со промената на договорите кои ги потпишале специјализантите, Филипче рече дека досега за специјализација од шест години тие требало да одработат 12 години, а според измените, враќањето на специјализацијата во време е еден спрема еден, односно за специјализација од шест години тие ќе треба да одработат шест години.

Тој појасни дека досега имало договори што ги потпишале специјализантите, според кои, тие требало да вратат петкратен или десеткратен износ, односно ако некои специјализации чинеле 12.000 евра, тие требало да вратат до 120.000 евра. Според измената, сега за специјализации од 12.000 евра тие ќе треба да вратат 24.000 евра.

Во врска со измената што се однесува на дополнителната дејност на лекарите, Филипче рече дека досега во матичната институција ако некој сака да избере лекар практично не му важеше осигурувањето.

– Како осигурено лице плаќам осигурување одам на една клиника, сакам да си изберам лекар попладне, да имам преглед или интервенција и плаќам како приватен пациент како да не сум осигуран. Мислам дека тоа е нешто што одеше на рака на приватните болници. Сега дозволуваме да важи осигурувањето и само да се даде ценовник за избор на тимот кој ќе лекува. На овој начин им се отвора огормна можност на докторите и целите тимови, анестезиолозите, сестрите, болничарите и сите што ќе останат попладне за дополнителна заработувачка, а на пациентите да имаат слобода да изберат лекар, истакна Филипче.

Осврнувајќи се на измената со која им се дозволува на пензионираните доктори да работат како консултанти доколку тоа од нив го бара институцијата во која работеле, Филипче додаде дека досега тие не можеле да работат како консултанти во општината во која се пензионирале. /МИА

Шевролет Нива од сега е Лада Нива

Руската компанија „GM-AvtoVAZ“ го преименува моделот Шевролет Нива во Лада Нива.

Во минатото оваа компанија беше поделена во сопственост на Руси и Американци, но изгледа дека „AvtoVaz“ го презема водството во компанијата.

На почетокот на декември минатата година е соопштено дека „AvtoVaz“ откупил 50 % од акциите на компанијата „GM-AvtoVAZ“ од американскиот Џенерал Моторс.

Така да од сега автомобилот под име Шевролет Нива, ќе започне да се произведува како Лада Нива.

Автомобилот е инаку достапен со 1.7 литарски мотор од 80 коњски сили.

Николоски: Бордот на директори на ТЕЦ Неготино земале плата од над 2.500 евра

Е такви бандити и криминалци Заев става на функција.

Мојот опонент, мојот против кандидат Зоран Заев нема ден да не се потсетиме на некоја од неговите големи афери, не се добројуваат. Да земам сега тука да ги бројам, до утре ќе треба да останеме, за жал. Ќе набројам неколку. Мојот против кандидат е човекот кој што бараше евро за брат му ама не едно, туку помножено по 200.000 и кажа уште кој се друг платил во штедилницата кај брат му. Мојот против кандидат е човек чие што најтесно семејство вози автомобил кои вие ниту во живот, а ниту јас сме видели и кои што чинат повеќе од вкупната заработка на сите вас за 5 години заедно, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски денеска на средба пред граѓаните на Кавадарци.

Мојот против кандидат е човек кој што краде каде што ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што лаже каде ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што поставува директори на јавни институции кои што пари ставаат во торба. Мојот против кандидат е човек кој што организираше рекет во Република Македонија и е на врвот на пирамидата, „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава и кој што организираше многу бизнисмени да бидат изрекетирани во вредност од преку 20 милиони евра. Мојот против кандидат е човек кој што ги искористува луѓето и ги пушта низ вода и ситните риби ги тера да одговараат за него, за тој да може да биде заштити. Мојот против кандидат е човек кој што го промени името на оваа држава, што воведе двојазичност и што тргува со историјата, рече Николоски.

Николоски, од Кавадарци порача да се внимава со маката и трудот на земјоделците, порачувајќи да се внимава што прават со цената на грозјето бидејќи после 15 јули со ВМРО-ДПМНЕ ќе си имаат работа, односно како што рече тој, грозјето мора да се откупи цело по праведна цена и мора навреме да се плати.

Сакам збор два да кажам за уште две работи. Едната се маките народни и на земјоделците и втората њ криминалот и корупцијата. За маките народни, слушаме одредени големци и олигарси кои што ни ја искрадоа државата во 90тите години си ги добија фабриките на тацна станаа милионери ама не станаа милионери затоа што мобилен телефон измислија или компјутер, или некоја ракета, туку за тоа што покрадоа. И сега истите тие оваа година сакале грозјето за 6, 7 денари. Да им порачам од овде да внимаваат што прават со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат работа после 15 јули, вели Николоски.

Николоски посочи посочи дека секој што се огрешил пред законот после 15 јули ќе мора да одговара, додавајќи дека не е само директорот на Тутунскиот комбинат кој зема енормно висока плата, туку откри дека и директорот на ТЕЦ Неготино и бордот на директори земале високи плати, укажувајќи такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функции, вели Николоски.

Околу криминалот и корупцијата, каде и да отидете секаде бандити. Еве две работи сакам да споделам со вас. Бев претходно во Неготино и кажуваат луѓето ТЕЦ Неготино кога работи кога не работи, главно не работи. Си се собрале таму директори си се ставиле си поделиле плата каква што вие не можете да сонувате. Јас мислев дека само во Прилеп е така, таму на пример директорот на Тутунскиот комбинат прима ако не сте знаеле 3.500 евра нето месечна плата, односно 5.500 евра бруто месечна плата. Значи зема 5.500 евра месечна плата, само за споредба цело семејство во Прилеп кое што сади тутун за една година заработува од 5.000 до 7.000 евра. За една година цело семејство, а овој сам за еден месец 5.500 евра. Ама такви херои имало и тука во Неготино и ќе ги кажам по име, затоа што мене тој ми е стилот, директорот на ТЕЦ Неготино зема верувале или не 100.000 денари нето плата, 150.000 денари бруто плата, преведено 2.500 евра плата, името на тој директор е Небојша Стојановиќ и веројатно никој не го знае и никој не го видел, ама мангупот зема 2.500 евра плата.

Па тие пајташите околу него, зошто нели треба да има борд да директори, земаат некаде околу две до 2.300 евра плата, еве да ги кажам нивните имиња. Игор Бојаџиев, Јане Стојменов, Никола Ангеловски, Билјана Митева. Сите овие си земаат по 2.000 до 2.300 евра бруто плата. Такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функција, да ги поздравам од овде и сите ќе одговараат од прв до последен после 15 јули за да не ја цицаат маката на луѓето, да има одговорност и во Неготино, и тука во Кавадарци, порача Николоски.

Николоски побара масовна поддршка од кавадарчани за убедлива победа и во Кавадарци, и во цела четврта изборна единица и на ниво на Македонија за заеднички да ја градат Македонија.

Да победиме убедливо во четворката, да излеземе масовно во Кавадарци и да победиме во четвртата изборна единица со 12, 8 и да имаме преку 60 пратеници на ниво на Македонија, и заеднички да ја градиме Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Протести во Софија, приврзаниците на Радев бараат оставка од Борисов

Пред зградата на Министерскиот совет се приврзаниците на Румен Радев и бараат оставка од премиерот Бојко Борисов.

Два митинга вечерва се одржаа во Софија, едниот со подржувачи на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов, а другиот за поддршка на бугарскиот претседател Румен Радев.

Пред зградата на Министерскиот совет се приврзаниците на Румен Радев и бараат оставка од премиерот Бојко Борисов.

ГЕРБ соопшти дека после завршувањето на митингот, автобусите со нивни приврзаници биле нападнати, но дека немало повредени лица. Тие за нападот ги обвинија приврзаниците на Румен Радев и побараа од претседателот да ги отповика платените провокатори.

притисни ентер