Бизнисменот кој тешко го навреди Канал 5, калин Бабушку ,НЕ Е дел од сопствеништвото на МАМА'С

Иако во неколку интервјуа, изјави и текстови, г-динот Бабушку различно ја прикажува својата улога во компанијата сопственик на брендот МАМА'S, Канал 5 се обрати до „изворот“, компанијата ТРГОПРОДУКТ

Ја прашавме компанијата Тргопродукт од Струмица, дали Калин Бабушку учествува во сопственилката структура, од таму го добивме следниов одговор:
„Мама’с е бренд во 100% сопственост на компанијата Тргопродукт од самото основање до денеска.
Со компанијата Македонија-експорт чиј сопственик е г. Калин Бабушку соработуваме исто како и со уште многу други компании од најразличен профил во текот на нашето работење.“
Од тука е јасно дека г-динот Бабушку, кој на крајно примитивен начин со голема доза на омраза ја навреди нашата ТВ куќа, ќе треба да објасни дополнителни работи во евентуална судска постапка.
За потсетивање, авторот на книгата TIP OF THE WEEК, во која ги советува луѓето како да постапуваат во секојдневни и корпоративни ситуации, ја нарече нашата компанија Анал 5, а навреди уште една ТВ куќа-членка на ММА.
Заради ова, Канал 5 ТВ ќе поднесе соодветни поднесоци до Основниот Суд во Скопје и ОЈО.

Застрелан ученик во пукотница во средно училиште во Калифорнија (ВИДЕО)

Најмалку еден ученик е повреден во пукотницата во средносто училиште во градот Санта Роса на северот на Калифорнија.

Во тек е потрага по вооружениот напаѓач, а очевидци изјавиле на полицијата дека напаѓачот испукал три до четири куршуми од пиштол пред средното училиште Ридвеј и избегал, изјави полицискиот службеник Самер Глокнер.

Еден тинејџер беше застрелан непосредно пред средното училиште Ридвеј во Санта Роса, во вторникот наутро, по што беа затворени  повеќе училишта додека властите го бараа напаѓачот, соопшти полицијата.

17-годишната жртва се појавила во локалната болница по пукањето, што се случило нешто пред 9 часот наутро на раскрсницата на авенијата Ридвеј и улицата Морган, изјави капетанот на полицијата Санта Роза, Џон Креган. Жртвата се здобила со прострелна рана во абдоменот и е во стабилна состојба.

Осомничениот стрелец е приведен во училишниот кампус Ридвеј, изјави Креган. Властите го пребаруваат кампусот за да го најдат пиштолот со кој пукал.

Полицијата соопшти дека пукањето било изолирано и никогаш не се сметало за активна ситуација со стрелање.

Путин и Ердоган се договорија за контрола на североистокот на Сирија- уште 150 часа примирје

Претседателот на Русија Владимир Путин и неговито турски колега Реџеп таип Ердоган на состанокот во руското летувалиште Сочи се договорија за контрола на североистокот на Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот Реџеп Таип Ердоган постигнаа договор денеска за поделба на контролата над североисточна Сирија, со кој се бара повлекување на курдските борци по целата сириско-турска граница.

Договорот им дава на курдските борци уште 150 часа, почнувајќи од утре попладне, да се повлечат од преостанатите области долж турско-сириската граница во должина од 440 километри.

САД го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО (ВИДЕО)

Сенатот на САД вечерва со 91 глас за и 2 против ,го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и напиша дека стратешкото партнерство продолжува.

-Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WEARENATO, напиша Пендаровски.

Уште четири земји остануваат да го ратификуваат Протоколот за земајва  и официјално да стане членка на НАТО.

притисни ентер