АВМУ утврди прекршување на законот од ТВ 24 Вести

Редовниот и вонреден надзор на АВМУ откри прекршување на законот од 24 Вести.

Надзорот покажа дека на програмскиот сервис на ТВ 24 Вести емитуван на 3 јуни 2019 година, спонзорираната програма „Б. (Б со точка)“ преку посебно промотивно препорачување на стоки и услуги на спонзорите потикнуваше нивно купување или изнајмување, што е спротивно на член 54 став 1 од ЗААВМУ.

При надзорот врз ТВ 24 Вести на 3 јуни, утврдено е рекламирање на поделен екран при што меѓу двете (поп-ап) реклами на поделен екран не беше запазено растојание од најмалку 15 минути, се утврди не емитување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела.

Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори

Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска гласаат 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Најмногу болни и немоќни за гласање се пријавени во Прилеп и во Кичево по 486 граѓани, потоа во Струмица – 465, во Ново Село 375, во Крива Паланка 361, во Делчево 335 и во Липково 331. Гласање за болни и немоќни нема да има во Вевчани, а во Желино е прифатено барањето на само едно лице, додека во Шуто Оризари и во Центар Жупа ќе гласаат по четири болни и немоќни лица. Во Арачино се пријавени петмина за гласање денеска.

Од скопските општини во Гази Баба прифатени се барањата на 168 болни и немоќни за гласање, а во Бутел – 82, во Карпош ќе гласаат 80, во Кисела Вода – 57, во Ѓорче Петров 48, а во Аеродром 47.

Гласање ќе се спроведува и во 13 Казнено-поправни установи, а во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Гласање ќе има и во 17 старски домови каде правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Гласањето на овие лица се спроведува од страна на избирачките одбори, како и вообичаено досега, со тоа што и членовите на одборите, но и лицата што се пријавиле да гласаат задолжително мора да ги почитуваат општите превентивни мерки за заштита од КОВИД – 19.

Врз основа на Упатството на ДИК членовите на Избирачкиот одбор и претставниците на политичките партии кои го спроведуваат гласањето во домот на болните, немоќните или хронично болните лица мора да носат заштитна маска преку нос и уста и ракавици за еднократна употреба, задолжително е одржување на физичка дистанца во текот на целиот процес, како и миење на раце и дезинфекција по завршување на процесот.

Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска или шал или марама или прекривка преку нос и уста. При самото влегување во внатрешниот простор, најпрво лицето кое гласа треба да ги дезинфицира рацете, при подавање на личната карта најпрво ја симнува накратко маската за идентификација, но мора да ја запази потребата дистанца од метар до метар и половина. По завршеното гласање лицето повторно ги дезинфицира рацете.Членовите на ИО маската ја менуваат на секои четири часа.

Вчера, на првиот ден на гласањето, за кандидатските листи се изјаснуваа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Државната изборна комисија синоќа соопшти дека правото на глас го искористиле 723 лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски појасни дека било утврдено оти треба да гласаат 759 лица, а разликата што се јавува во бројките што ги соопштија претходно во текот на вчерашниот ден, е од причина што тие одлучувале и прифатиле одредени приговори од граѓани.

Од вчерашното и денешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето.

Право на глас на овие десетти парламентарни, а петти предвремени избори имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи./МИА

Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања.

Најголем број активни има во Скопје – 1 788 лица, потоа Куманово – 194 и Дебар – 151.

Од скопските општини со најголем број на активни случаи е Чаир – 302, потоа Аеродром – 162 и Бутел -135.

Министерот за здравство Венко Филипче, не очекува поголем наплив на пациенти во болниците и нагласи дека трендовите се уште се во насока на приближно ист процент на новодијагностицирани од вкупниот број тестови и ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани.

– Капацитетот во болниците се менаџира добро и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети, информираше вчера Филипче при посетата на Здравствениот дом во Свети Николе.

Во текот на изминатите 24 часа оздравени се 123 лица, со што бројката на досега оздравени пациенти е 4.326, додека починати се три лица, со што вкупната бројука на починати е 385.

Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во 16 општини ќе се формираат регионални „Ковид – центри", во рамки на подготовките за евентуален есенски бран на КОВИД-19. Целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на КОВИД-19 без притоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" вкупно хоспитализирани се 88 пациенти, во болницата во Битола – 28, а во болницата во Штип – 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19. /МИА

Дневен хороскоп за 14.јули 2020 година

Дневен хороскоп за вторник, 14. јули 2020 година. 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок.

Кариера

Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму.

Здравје и совет

Ќе бидете среќни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми.

Кариера

Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив.

Здравје и совет

Побарајте весели содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери.

Кариера

Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува.

Здравје и совет

Ќе бидете малку забавени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување.

Кариера

Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро.

Здравје и совет

Посетете стоматолог.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите.

Кариера

Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни.

Здравје и совет

Ограничете ги калориите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи.

Кариера

Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува.

Здравје и совет

Зацврстете си го телото.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов.

Кариера

Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден.

Кариера

Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка.

Здравје и совет

Смирите се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го.

Кариера

Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики.

Кариера

Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи.

Здравје и совет

Нервоза и немир.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли.

Кариера

Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство.

Здравје и совет

Радувајте се на личните успеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти.

Кариера

Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму.

Здравје и совет

Не се брзајте.

притисни ентер