ОЈО: Притвор за лицето кое изврши кражба на возило и нападна тројца полицајци

Осомничениот се обидел да прегази полицајци и удрил во полициско возило.

Скопје, 22 jули 2019 (MIA) – Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 29-годишен скопјанец поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Тешка кражба од член 236 став 2 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 став 2 во врска со став 1, како и за истото кривично дело по став 1 од Кривичниот законик, А судија на пртходна постапка му одреди притвор од 30 дена.

Како што информираат од ОЈО, осомничениот вчера во 22:15 часот наспроти ТЦ „Мавровка" во Скопје, ги забележал двете лица, оштетениот и неговата сопруга,  како го паркираат нивното  возилото марка „БМВ ИКС 5" по што се оддалечуваат. Во тој момент, осомничениот со погоден предмет – калауз ја отклучил заклучената врата на возилото и заедно со уште едно засега непознато женско лице го стартувал возилото и започнал да се движи. Кога сторителот со возилото се приближил до првата крстосница бил забележан од сопственикот на возилото. Оштетените започнале да трчаат по возилото, го престигнале и се обиделе да го сопрат осомничениот. Но и покрај обидите и вклученото црвено светло на семафорот, осомничениот продолжил со возилото во непознат правец.

-По пријава на кривичниот настан, полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на возилото. Откако имале сознание дека осомничениот заедно со украденото возило се наоѓа во населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило се упатиле кон него. Го пресретнале и се обиделе да го попречат натамошното движење. Во акцијата се придружило и трето службено лице полицаец. Но и покрај дејствијата преземени од полициските службеници, осомничениот со возилото во движење удрил во полициско возило, за потоа и физички со опасно орудие – боксирач со бодеж, да ги нападне тројцата полицајци и им нанесе телесни повреди. Во полициската акција, осомничениот бил совладан и приведен со цел обезбедување на натамошниот тек на кривичната постапка, соопшти ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител заедно со  Наредба за спроведување истражна постапка, се вели во соопштението, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека постојат опасности од бегство, дека е можно осомничениот да го повтори кривичното дело, како и дека постои оправдан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци.

Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен од судија на претходна постапка кој со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​ /МИА

Тодор Петров и Мухамед Халили во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Тодор Петров и Мухамед Халили.

Тезата дека со недобивањето на датумот за преговори може да се дестабилизира Балканот не држи вели потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак, верува дека постојат сили кои може да предизвикаат контролирана нестабилност за да покажат дека одлуката на Европската Унија е погрешна

- После сите случувања во Македонија недовербата на јавноста во политичарите е голема. Гласачите веќе нема да им веруваат ништо во пресрет на предвремените избори, оцени потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак смета дека политичарите ќе манипулираат со јавноста дека Европската Унија стои позади актуелната Влада за да заврши процесот на евроинтеграции

- Ние се залажуваме ако мислиме дека земјата само треба да ги исполни реформите затоа што почетокот на преговори со ЕУ е и политичка одлука, рече потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак, не ја разбира еуфоријата во јавноста дека недобивањето на датум за преговори е прашање да се биде или не  

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Брнс: Ратификацијата е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината

Американската амбасадорка Кејт Брнс ја поздрави ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот на САД, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.

– Многу задоволна поради огромната поддршка на Сенатот во ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на САД. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји, порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.

Сенатот на Соединетите американски држави денеска со 91 глас „за" и два „не" го изгласа  пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.

Владата одобри зголемување на буџетот за поддршка на иновациите на компаниите за 12 пати

Владата донесе одлука за давање согласност на „Програма за измени и дополнувања на Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година".

Со предложените измени, информираат од владината прес-служба, се предвидува проширување на буџетот на планираните јавни повици за технолошки развој од Планот за економски раст, како и проширување на буџетот за финансирање на проекти во рамки на тековниот повик за комерцијализација на иновации. Со овие измени директно или индиректно се таргетирани помеѓу 170 – 200 компании (зависно од буџетите и конечната одлука на Комитетот за одобрување на ко-финансирање) од пристигнатите 487 апликации.

Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании, се наведува во соопштението, е нешто над 87 милиони евра, од кои 67 отсто или над 58 милиони евра се побарано учество на Фондот, додека 33 отсто или околу 29 милиони евра се сопствени средства кои апликантите планираат да ги вложат во домашната економија. Иницијално предвидениот буџет за овој јавен повик е пет милиони евра, со што аплицираниот износ се надминува за речиси 12 пати.

притисни ентер