Видео: Билјард мајстор или чиста среќа?

На ова момче од Италија изгледа му тргна од рака, тој направи вистинска магија на билјард масата.

Погледнете го видеото и самите проценете дали се работи за вештина или пак за чиста среќа.

Канје ја воодушеви Ким Кардашијан со подарок од милион долари

Старлетата Ким Кардашијан неодамна го прослави 39. роденден , а на Инстаграм откри дека нејзиниот сопруг Канје Вест и подарил нешто неочекувано.

Наместо да ја бомбардира со скапи подароци, Канје донираше  милион американски долари во име на реформите во затворите, а Ким откри дека подарокот ја воодушевил.

„Тој донираше милион американски долари во моите омилени добротворни организации кои напорно работат на реформа на затворите во мое име , на негово и на децата. Тоа ме направи многу среќна“, напиша таа со фотографијата на Инстаграм.

Ким исто така објави потврда за исплата на „Инста приказна“ во која се гледа дека Канје донирал пари за организациите : "Cut 50", "Buried Alive Project", "Equal Justice Initiative" и "Antic-Recidivism Coalition".

И сестрата на Ким , Кортни, го пофали Канје во коментарите.

„Канје има најдарежливо срце. Тоа е толку инспиративно“, напиша таа.

Најзабавниот модел на Хјундаи е комбе (ВИДЕО)

По примерот на Renault Espace F1, најновиот модел на Хјундаи стана забавен .

Целата приказна почна уште на 1. април кога германскиот оддел на Хјундаи излезе со шега за моделот во N изведба. Во Австралија оваа шега за споредбата на комбе со Формула 1 ја сфатија сериозно и направија од комбето потенцијал за тркачки автомобил.

Комбето изгуби 2.5 дизел CRDi во процесот на адаптација на патеката , кој беше заменет со 3,5 V6 твин-турбо бензински мотор со 408 КС и 555 Nm. Преносот е осумстепен автоматски, а погонот, се разбира, е монтиран на задниот дел. Подесувањето продолжува со инсталацијата на адаптивна суспензија, помоќни сопирачки и 19-инчни тркала со спортски гуми.

Џенифер Анистон покажа како изгледа без фотошоп и доби 5 милиони лајкови

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон се реши да им покаже на фановите како изгледа на едно снимање пред да настанат совршените , фотошопирани фотографии .

Анистон со оваа фотографија собра за самно неколку часа 5 милиони лајкови.

"Јас сум само девојка ... Со фризура и шминка. Со стилист. Фотограф. Тим за осветлување, вентилатор, реквизити и компјутер ... Кој сака да мислите дека таква се разбудила", напиша Џенифер за "несовршената" фотосесија.

Нејзиното искрено откривање воодушеви милиони. „Вие сте легенда“, „Само што го отворивте вашиот профил, а веќе сте експерт за Инстаграм“, „Те сакам“, ја пофалија.

Џенифер направи официјален профил на Инстаграм пред една недела и селфи со своите пријатели во серијата „Пријатели“, со што буквално го сруши Инстаграм за неколку секунди.

притисни ентер