Зошто баш црвена, жолта и зелена?

Црвеното, жолтото и зеленото светло се универзално правило ширум светот.

Првиот семафор на светот е поставен во Лондон во 1868. Година, тој бил со плински светилки и со него се управувало рачно. Овој семафор бил активен само навечер.

Принципот останал ист, само технологијата со текот на годините се менувала. Денешните семафори се осветлени со современи електрични светилки кои се економични.

Првиот семафор на струја бил воведен во Детроит, САД во 1912. година.Овој семафор имал само две бои, црвена и зелена. Бил ракуван од надлежен полицаец кој имал за задача на заѕвони на ѕвонче пред да ја промени бојата на семафорот како би ги предупредил пешаците.

До воведување на трета боја кај семафорите дошло во 1920. година исто така во САД.Полицаецот Вилијам Потс ја вовел третата боја на семафорот

Црвеното светло е избрано поради тоа што привлекува внимание.

Зелената боја првобитно на железниците била употребувана како знак за претпазливост, додека белата означувала „тргни“. Сепак белата е укината кога се увидело дека возачите можат да ја помешаат со улично светло. Затоа жолтата е прифатена како знак за претпазливост затоа што е повеќе приметлива од зелената а не е толку изразена како црвената.

Полицијата изрече 207 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на земјава  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 207 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место, информираат од МВР.

Тие најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Терзиќ се надева на прекинување на црната серија против Баерн Минхен

Борусија Дортмунд сака да ја прекине лошата серија од 9 последователни порази против Баерн Минхен во Бундеслигата кога тимот викендов ќе гостува на „Алијанц Арената“.

-Време е. Наша цел е да одиме во Минхен и конечно да заминеме како победници, изјави тренерот на тимот Един Терзиќ.

„Жолто-црните примија 37 гола на тие 9 натпревари и немаат победа во првенството од 2018 година, а есента загубија на домашен терен со 0:4.

-Влегуваме во последниот и највозбудлив дел од сезоната. Подготвени сме да покажеме дека сме способни за се за да ги оствариме нашите цели, додаде Терзиќ.

Иако Баерн, кој 11 пати по ред е шампион во Германија, нема најдобра сезона, „против нас секогаш го покажуваат најдоброто“, истакна тренерот на Борусија.

Екипата на Дортмунд за утрешниот меч ќе биде без суспендираниот играч за врска Марсел Забицер, повредениот бек Рами Бенсебаини и голманот Грегор Кобел кој има стомачен вирус. /МИА

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

притисни ентер