Тутунарите го поздравија донесувањето на новиот закон за тутун

Годинава тутунопроизводството се очекува да биде на ланското ниво од околу 25 милиони килограми но со многу подобар квалитет од лани поради погодните климатски услови за производство досега.

Сојузот на тутунарските здруженија ја поздравува акцијата на државата и побара да се засилат мерките за сузбивање на нелегалното производство на широко листен тутун и шверцот бидејќи се директна конкуренција за тутунопроизводството и егзистенцијата на 20 илјади тутунарски семејства кој од тоа живеат.

Тутунарите го поздравија и донесувањето на новиот закон за тутун во кој и самите имаат учествувано со свои предлози и сметаат дека од почетокот на 2020 година кога ќе почне новата реколта многу ќе им се олеснат бирократските процедури со тоа што се укинуваат евидентните листови. Задоволни се од просечната откупна цена која достигна 3,3 евра на што добиваат и евро до евро и триесет субвенција зависно од квалитетот но сметаа дека треба да се доближат цените по класи бидејќи сега има многу голем разлика меѓу втора и трета класа. Само на тој начин ќе се мотивираат и млади да се зафатат со ова производство кое носи по 100 милиони евра годишен девизен прилив за државата а кое во иднина е осудено на се помало производство бидејќи нема кој да го работи.

Земјоделци од гевгелиско добија картички за зелена нафта

Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Гевгелија, согласно владината мерка за поефтино гориво за механизација, беа доделени првите картички за зелена нафта на земјоделци од општините Гевгелија,Богданци и Дојран.

– Ова е голем проект од кој корист ќе имаат 1.579 земјоделци од споменативе три општини кои прв пат добиваат субвенционирана нафта за 30 отсто, кои како дел од трошоците ги покрива државата,велат од подрачната единица во Гевгелија, од каде се надеваат дека до крајот на месецот ќе бидат подигнати сите картички од страна на земјоделците.

Средствата на картичките за зелена нафта земјоделците треба да ги искористат најдоцна до крајот на април 2020 година поради што градоначалникот Сашо Поцков ги потсети земјоделците од гевгелиско, кои се уште не го подмириле долгот за закуп на државно земјиште, да постапат согласно договорите за закуп и да ги исполнат условите за користење на субвенционирана нафта за механизација. /МИА

Здруженија за заштита на животните бараат Владата да го спречи најавениот отсрел на диви свињи

Седумнаесет здруженија за заштита на животните бараат од Владата да го отповика и спречи најавениот отстрел на диви свињи, како дел од мерките за превенција од болеста африканска чума.

Тие посочуваат дека „животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни, интелегентни суштества", осудувајќи го субвенционирањето на, како што велат, „масовниот колеж на домашните, питоми свињи и комплетен отстрел на дивите по планините".

Здруженијата образложуваат дека болеста африканска чума не е опасна по луѓето и бараат поддршка од членството, граѓаните, итно да се отповикаат овие мерки и да се применат мерките што ги применуваат во соседството.

Здруженијата кои го упатија апелот до Владата се: Анима Мунди; Гласот на животните- Велес; Мали Херои – Битола; Animal world, Струга; Daisy family rescue; Шепасти Ентузијасти, Анималиа – Охрид; Angelcats sanctuary; ЕДЕН; Срце за животните – Тиквеш; Saving Ohrid Strays; Cat Shelter Meow Paws; Живот – Штип; Про Анима –Берово; Иницијатива „Лајка", Охрид/Струга; Здружение за заштита на животни ARC – Animal Rescue & Care – Битола; Ние за Животните, Куманово.

Како дел од мерките што Владата ги донесе против појава и ширење на болеста се отстрел на диви свињи, уништување на питомите свињи кои не се под биосигурносен надзор и засилени царински контроли на граничните премини за да се спречи неконтролирано внесување свинско месо.

Свинската чума не е опасна и не ги напаѓа луѓето, но е смртносна за свињите и брзо се шири. Извор на вирусот на оваа опасна болест која ги погодува домашните и дивите свињи се заразените, болните или угинати животни, заразената храна и отпадоци од храна, опрема, возила, облека и мекиот крлеж како биолошки преносител на болестa.

Африканска свинска чума, освен во Бугарија, од пред една седмица е потврдена и во Србија. Ја има и во уште дваесеттина други земји, а се шири и зема се поголеми размери./МИА

Видео: Стампедо на концерт во Алжир, пет мртви

Најмалку пет особи загинале вчеравечер  во стампедо на концерт во Алжир, пренесува „Ројтерс“ .

Неколку илјади луѓе присуствувале на концертот на локалната рап ѕвезда Абдерауф Дераџија познат како „Сулкинг“ на стадионот во Алжир.

За сега не се познати деталите околу овој инцидент.

притисни ентер