Дали е закочен дијалогот власт – опозиција?

Можен ли е почеток на политичка криза во земјава како резултат на последните случувања?

По последниот скандал кој се поврзува со Катица Јанева и формирањето на ново обвинителство, се отвори прашањето дали власта и опозицијата ќе успеат да се договорат за Законот за јавно обвинителство на чекор до ветениот датум за преговори со ЕУ во октомври или пак уште повеќе ќе се продлабочат несогласувањата. Реформскиот закон кој е еден од најважните услови кој се уште е под знак прашалник, според дел од аналитичарите може да донесе политичка криза во време кога очекуваме важен процес за земјава.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека единствен виновник за евентуална политичка криза или недобивање на датум за почеток на преговори, ќе биде премиерот Заев.

Иако од опозициската партија бараат на лидерска средба да се разговара единствено за предвремени парламентарни избори, од СДСМ освен за новиот предложен закон за ЈО, велат дека дијалог е потребен за повеќе прашања, како спроведувањето на пописот и предлогот за измена на изборниот законик.

На патот Ресен – Охрид после Буково се изведуваат работи на пат

На патниот правец Ресен-Охрид на три километри после планинскиот превој Буково се изведуваат работи на пат.

 На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од „Македонија пат" информираат дека активностите на патот како што се кастрење и поставување на заштитна мрежа ќе траат околу 20 дена.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот. 

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб

Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб.

Три години земјоделците го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати.

Три години нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски.

Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Грижата за земјоделците откако дојде СДСМ на власт се виде. Поради сето ова што се случува потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите тогаш ќе започне нова ера во земјоделието.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски да одговори има ли тајни средби и со кого?

Тајкнуните за кои се водат серија на предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски. 

Лицата што се снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

 Медиумот каде што излегуваат снимките имаат линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

 Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот Рекет, споменатиот Зоран Кичеец.

 Затоа, наместо да се крие зад лажни вести Мицковски треба да излезе пред граѓаните и да одговори со кого се гледал и зошто:

·         Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто?

·         Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал?

·         Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?

 Јавноста очекува одговори.

 ВМРО-ДПМНЕ не ја промени својата режимска матрица. Останува посветена единствено на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер