Ципрас до Мицотакис: Сега е добар Договорот од Преспа?

Алексис Ципрас, во делот од неговото обраќање, посветен на надворешната политика се осврна на Договорот од Преспа,

Господине Мицотакис, драго ми е што како премиер решивте да ја задржите националната линија за еден национално корисен договор, за еден историски договор што ја надградува нашата Македонија и ја надградува улогата на Грција во странство, рече лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција во неговиот говор, на првиот ден од расправата за гласање доверба на новата грчка влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Алексис Ципрас, во делот од неговото обраќање, посветен на надворешната политика се осврна на Договорот од Преспа, ги спомена јавно изразените позиции на министерот за одбрана и алтернативниот министер за надворешни работи за време на нивното учество на конференцијата на „Економист" и го праша Мицотакис, дали сега е добар договорот.

-Господине Мицотакис, една и пол година, Вие и вашите членови бевте протагонисти во протестите за македонското прашање. Ги прифативте радикалните кои беа на протестите и многу пати го даваа ритамот на овие протести. Многу од вашите членови не нарекуваа предавници. Некои од пратениците на СИРИЗА најдоа насилници пред нивните домови, со бомби молотов, министерот за надворешни работи најде десетици заканувачки пораки со куршуми, а вие бевте предводник во критиката за предавнички договор. Сега е добар Договорот од Преспа? Ова го вели новиот министер за одбрана новиот и министерот за европски прашања, рече Ципрас, нешто што беше поздравено со аплауз од пратениците на СИРИЗА.

Поранешниот грчки премиер истакна дека многу поважно од тоа што го велат министрите од владата е она што Мицотакис ѝ го кажал на Тереза Меј во телефонскиот разговор.

-Според известувањето објавено од Лондон по вашиот телефонски разговор со британската премиерка, излезе соопштение во кое ја поздравува вашата заложба за целосно почитување на договореното во Преспанскиот договор иако Вие одбравте конкретниот дел да го цензурирате преку Атинската новинска агенција, која патем е под ваша одговорност. Го демантирате ова? Зошто го цензуриравте? Зошто го скривте? Тоа е fake news од Downing street?, праша Ципрас и му порача на Мицотакис дека „хипокризијата во политиката се плаќа" и во иднина ќе се соочи со она што го направил и кажал за Договорот од Преспа.

Лидерот на СИРИЗА во неговиот говор ги коментираше приоритетите на грчката влада и програмата претставена од Мицотакис, спомена каква била ситуацијата во Грција, особено финансиски, кога тие дојдоа на власт во 2015, а каква е сега, додека пак на почетокот од обраќањето рече дека по 10 години парламентот се свикува во момент кога „земјата ја врати економската сувереност" и „без присуство на неонацистите од Златна зора". /МИА

Солзавец и водени топови на протестите меѓу граѓаните и полицијата против нов прифатен центар за мигранти (ВИДЕО)

Полицијата  употреби солзавец и водени топови за да ги растера грчките островјани кои се обидоа да го блокираат пристапот до градилиштата за нови центри за прием на мигранти.

Жителите на островите Лезбос и Хиос стравуваат дека новите центри за прием на мигранти, кои ќе ги заменат привремените кампови за бегалци, ќе ги направат островите трајно пренатрупани.

Властите, меѓутоа, велат дека новите затворени центри, ќе значат подобар јавен ред и безбедност и ќе ги намалат ризиците за јавното здравје, особено поради  ширењето на коронавирусот ширум светот.

Локалните власти предупредуваат дека отворените простори, како бегалските кампови, се временска бомба за појава на инфекции , вклучително и зараза од коронавирус од големи размери.

ВМРО-ДПМНЕ денеска на марш за правда

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш од Oбвинителството до Врховниот суд.

Од партијата велат дека на овој начин сакаат да упатат порака за почитување на правдата, како и дека ќе се спротивстават на кршењето на Уставот и законите.

Протестот го следи Тамара Стојкова...

Турција уништува град стар 12 илјади години со изградба на брана

Секој ден стотици луѓе гледаат од бреговите на Тигар во југоисточна Турција, како пред нивните очи исчезнува древниот , 12000 години стар град Хасанкеиф , поради изградбата на брана.

Поради изградбата на гигантската брана Илису со височина од 135 метри, 80 километри од градот населен со милениуми, Хасанкејф , кој заедно со околните области ќе биде поплавен.

Поради проектот Југоисточна Анадолија од страна на владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за економското закрепнување во најнеразвиениот дел од земјата, ќе бидат раселени 80.000 луѓе од 199 села и една неизбришлива урбана населба што ги поврзува модерните времиња, средниот век и  антиката ќе исчезнат под незапирливата моќ на водата.

Површината на езерото треба да биде на 60 метри над денешното средно ниво на Тигар, што значи дека ќе бидат поплавени 80 проценти од Хасанкејф и околните населби, вклучувајќи 300 историски места што сè уште не се истражени.

Соседниот Ирак има сериозни забелешки на проектот, плашејќи се дека изградбата на браната може да го загрози снабдувањето со вода од Тигар.

Некои аналитичари заклучуваат дека Ердоган планира да го користи системот на браната Еуфрат и Тигар за да го контролира снабдувањето со вода не само во Ирак, туку и во Сирија, како средство за политички притисок.

Ирачките активисти предупредуваат дека оваа брана ќе го намали протокот на Тигар во Ирак за 40 проценти, дека квалитетот на водата ќе се влоши, ќе стане посолена  и  следствено, несоодветна за пиење и наводнување во Ирак.

Во областа каде што се гради браната, населението главно го сочинуваат Курди со само малку Асирци. До осумдесеттите години на минатиот век, традиционалните пештери покрај реката биле населени со Асирци и Арапски Христијани, но тие потоа емигрирале главно во Германија, Франција и Швајцарија, заради војната на турската влада против Курдистанската работничка партија (ПКК).

Изградбата на браната започна во 2006 година и Германија, Австрија и Швајцарија беа подготвени да учествуваат во проектот, но сите три земји ја повлекоа својата финансиска поддршка во јуни 2009 година.

Браната Илису ќе произведува 1200 мегавати електрична енергија и ќе биде четвртата по големина брана во Турција по однос на производството на енергија.

притисни ентер