Опозицијата со резерви за новиот предлог закон за Јавно обвинителство

Опозицијата се уште го анализира законското решение за спојување на СЈО во јавното обвинителство. 

Од таму велат дека со конкретни забелешки ќе излезат дури откако ќе утврдат колку предлог е поразличен од точките разговарани на средбите со преговарачките тимови. Идејата за спојување на двете обвинителства според нив е начелно прифатлива, но се против предлогот Вилма Рускоска да раководи со новото обвинителство.

Од Јавното обвинителство кажаа дека допрва ќе го контактира лидерот на ВМРО ДПМНЕ за да даде изјава во врска со уцените за кои во неколку наврати повторува дека ги добивал од Катица Јанева за да го поддржи законот за јавното обвинителство а за возврат таа му ветувала дека ќе го одмрзне имотот на партијата ВМРО ДПМНЕ.

Законското решение за новото обвинителство предвидува финансиска независност на обвинителството, со сопствен буџет. Според предлог законот раководителот на обвинителството ќе има можност самостојно да бара меѓународна правна помош, а дополнително предвидени се и гаранции по завршувањето на неговиот мандат. Во однос на функционирањето, во законското решение вградена е и одредба според која првиот човек на обвинителството може да се разреши само со 2/3 мнозинство од советот на обвинители. За обвинителите кои се дел од СЈО пак се предвидува да продолжат да ја вршат својата работа во новото обвинителство.

Сепак, дел од експертите сметаат дека интеграцијата на двете обвинителства нема да се одвива лесно. Според професорот Гордан Калајџиев, одлуки од ваков вид не можат да се донесат во последен момент и не можат да бидат начин за решавање на политички кризи.

Во меѓувреме, шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска во интервју за Канал 77 открива детали од истрагата која е во тек за случајот Рекет. Рускоска во интервјуто вели дека се уште не е најден вториот мобилен телефон на Катица Јанева.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак денеска дадоа нова димензија на случајот, обвинувајќи дека луксузни возила на рекетираните бизнисмени завршиле кај блиски луѓе и роднини на лица од власта. Новинарот Геровски пак кој изминатиот период пишуваше за случајот рекет, најави дека во понеделник ќе открие кои се фамозните “Кики” и “Фрики”.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

притисни ентер