Регистрирани 49 последователни потреси по силниот земјотрес во Атина

До осум часот утрово по вчерашниот силен земјотрес од 5,1 степен според рихтеровата скала, северозападно од Атина биле регистрирани 49 последователни потреси од кои еден над четири степени, два над три, а останатите 46 под три степени според рихтер.

Грчките сеизмолози, оваа активност, говорејќи за медиумите ја коментираат како нормална и очекувана и веројатно земјотресот од 5,1 степен беше и главниот.

Министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис вели дека државниот механизам ќе остане во состојба на готовност и во текот на викендот, додека, пак, од денеска се очекува да започне регистрацијата на штетите. во вчерашниот земјотрес се урнаа два стари и ненаселени објекта во две атински населби, а претрпеа штета фасадите на домови и згради во различни делови на Атина. Во неколку населби во Атина, противпожарната служба на Грција добила повици од граѓани кои биле заглавени во лифтови. Грчкиот премиер Мицотакис синоќа го посети координативниот центар за операции на противпожарната служба на Грција, каде што беше информиран за активностите и подготвеноста за справување со последниците од земјотресот.

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

притисни ентер