Охрид сам ќе се справува со дивоградбите

Охрид нема да ги препушти сите одлуки за справување со дивоградбите во рацете на Владата. 

Откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко преку писмо до Владата побара да се изземе од одлучување за спорните градби кои ја ставија под ризик заштитата од Унеско на Охридското Езеро, се огласи и охридскиот градоначалник. За да се исполнат критериумите кои Унеско ги бара од земјава, Георгиевски во соработка со централната власт ќе работи на рушење на дивоградбите. Оттаму велат дека почнале со процедурата на разгледување на сите предмети.

Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од регистарот на дивоградби и поединечно ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Исто така во тек е постапката во врска со огласот за јавна набавка за рушење на дивоизградени објекти.

Советникот од ДУИ кои подолг период е на мета на критики поради неговата дивоградба, ресторанот Луна, се пожали на хајка против него. Вели дека е тој не е причина за проблемите со Унеско.

Бил зачуден зошто се пишувало за него и спротивно на надлежните е убеден дека ги имаа потребните документи и дозволи за пицеријата.

Отстранувањето на нелегалните градби на охридското подрачје треба да се заврши до февруари, рокот кој го даде Комитетот за културно наследство на последната сесија во Баку. Во Охрид има вкупно 1076 дивоградби, од кои 409 се во заштитениот појас на крајбрежјето на езерото.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

Островот Лезбос ја спушта рампата за мигранти

 Властите на грчкиот остров Лезбос соопштија дека веќе не се во можност да обезбедат сместување за нови мигранти кои доаѓаат на островот.

Со оглед на тоа дека во кампот за мигранти во моментов престојувале четири пати повеќе лица  отколку што било предвидено.

Две официјални лица од Лезбос за странските агенции изјавиле дека моментално во кампот имало 12 илјади мигранти и дека веќе нема можност за дополнителни сместувања.

притисни ентер