Фон дер Лајен: Потребни се брзи преговори со Македонија и Албанија

Веднаш откако Eвропскиот совет ќе оцени дека Mакедонија и Aлбанија ги исполнуваат потребните критериуми, треба да се отворат претпристапните преговори со овие земји.

Ова го изјави новата претседателка на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, во еден од своите први јавни настапи. Оваа изјава не е изнанадување имајќи предвид дека таа и за време на трката за прв човек на комисијата и како министерка за одбрана на Германија често зборуваше дека проширување на ЕУ е процес кој не треба да запре

Јас се залагам за отворање преговори. Треба да ги отпочнеме преговорите за пристапување со земјите откако Европскиот совет ќе заклучи дека критериумите се исполнети. Ние треба да се ракуваме со овие држави, го делиме истиот континент, иста приказна, ние сме соседи, и ако ја затвораме вратата за овој регион, тие се повредуваат меѓу себе, рече Урсула Фон дел Лајен.

Оваа охрабрувачка порака на Фон дер Лајен доаѓа во моменти кога земјава активно лобира и работи во октомври да добие датум за преговори. Дополнително и на посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најавена за средината на следната недела, се гледа како дополнителен мотив и охрабрување дека треба да се донесе Законот за јавно обвинителство како последен од пакетот таканарачени реформиски закони.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер