Заев: За мене Кики и Фрики не постојат, нема да коментирам за некои псевдоними

Декларацијата донесена на вчерашната седница на ЦО на СДСМ за борба против криминалот и корупцијата не алудира на никаков случај, туку е верификација на борбата против криминалот и корупцијата, вели премиерот Зоран Заев.

– Не алудиравме на никаков случај. Јас го коментирав овој случај и во Парламентот. Ја знам целата вистина, не е мое да се мешам, ниту на СДСМ, ниту на ЦО, ниту на кој било. Ова е само уште еднаш преку декларација да ја верифицираме нашата недвосмислена и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата дека охрабруваме институциите без разлика за кој се однесува, дали е тоа власта, опозицијата, граѓани, бизнисмени, работници.. секој што се огрешил пред законот треба да одговара, рече Заев на прес-конференција во Владата на која го претстави законското решение за Јавното обвинителство на новинарско прашање дали декларацијата се однесува на случајот „Рекет" и дека наводно вмешаните лица нема да може да се надеват на партиска заштита.

Борбата против криминалот и корупцијата, рече, не е само наш бенчмарк за евроитеграциите, туку е нешто кое носи живот, вредности во државата и е од клучно значење за напредокот, за економскиот раст, за нови работни места.

– Пораката е почитувани истражители, обвинители и судии, не ви требааат политичарите, влијателните луѓе. Вие имате јавни овластувања, носете одлуки онака како што пропишува законот, Уставот и сопственото убедување. Мораме владеењето на правото да го вратиме во државата…. Тој што се огрешил треба да си ја отслужи казната. Затоа треба да си го средиме системот оти сакаме децата да ни останат тука, рече Заев.

Тој нагласи дека за него не постојат ликови како „Кики" и „Фрики" и оти кога новинарите ќе излезат со конкретно име и презиме јавно, тогаш ќе може да коментира.

– За мене Кики и Фрики не постојат. Повелете секој да го истакнете ако има сомневање, ќе ви дадат истражните органи дали има истраги или не и секако секој ќе си носи одговорност. Разбирам дека истражувачкото новинарство е креативно, но и дека е потребна храброст. Апелирам за истражувачко новинарство, само така ќе може да си ја средиме државата. Секаде каде има шпекулации тие нанесуваат нарушување на честа и угледот на луѓе. Јас тоа нема да го дозволам да навлезам во коментари за некои псевдоними, рече Заев./МИА

Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер