Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и Охрид

Премиерот Зоран Заев се уште не го добил писмото со кое струшкиот градоначалник му ги остапува ингеренциите од општината во делот на градежништвото.

Вели дека има информации оти и општина Охрид ќе го направи истото и оти државата ќе ги земе овие отстапени ингеренции и оти ќе постапува за да ги исполни обврските кон УНЕСКО, но и кон граѓаните воспоставувајќи ред во оваа сфера.

-Писмото кое гледам дека во јавноста веќе е испратено, веројатно веќе ќе стигне. Слушнав дека и општина Охрид сака да ги остапи надлежностите во делот на градежништвото. Очекував да постапуваат институциите не само заради тоа што се актуелни теми и во Охрид и во Струга, туку и заради УНЕСКО, Ако не постапуваат, државата ги одзема ингеренциите. На ваков начи направија овие ингеренции многу побрзо да дојдат кон државата. Ние ќе ги преземеме. Зарди обврската да се среди Охрид, крајбрежјето и околината на градот заради УНЕСКО, но и отстранување на девијантни појави, изјави Заев одговарајќи на новинсрко прашање како ќе постапи Владата по најавата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за отстапување на ингеренциите во оваа сфера.

Наша намера, рече Заев, е да постапиме согласно закон, да избереме компании кои ќе направат извршна постапка, кои ќе тргнат записник по записник, дел по дел да ги исполнуваат нашите обврски кон УНЕСКО, но пред се и над се пред граѓаните.

Така ќе се овозможи владеење на законот, остранување на нелегално изградени објекти, кои немаат право на легализација. Тие кои имаат право, потенцира Заев, може да останат, но тие за кои немаат право ќе се постапи по закон./МИА

СКАНДАЛ: Бугарската Академија на Науките ( БАН ) денес донесе став-НЕ ПОСТОИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

Како што јавува сајтот на Дојче Веле на МАКЕДОНСКИ јазик, на пладневната седница донесе одлука, која очигледно ја следи насоката на бугарскиот политички врв - дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
 

Бугарската Академија на Науките воопшто не се ни труди и да негира дека нивниот денешен став е „реакција“ на т.н. декларација на Бугарскиот врв која беше претставена на почетокот на Октомври годинава, во кој Бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.

Но јавноста се прашува која е црвената линија на нашата Влада, за да конечно конкретно и директно реагира на овие дрски провокации на соседите , кои буквално вршат политичко „силување“ на нашата колективна меморија и национални факти?
Дали можеби е вистинско политичко време да се прекинат бесмислените преговори за некакво добрососедство со Бугарија, кое произлегува од т.н. договор за добрососедство?
Да не заборавиме, претстедателот на Бугарија Румен Радев неодамна бараше гаранции од бугарската комисија дека ќе ги „превоспитаат“ македонските медиуми.
Што е следно наши български “братя“

веста на DW на Македонски јазик

Шпанскиот крал Фелипе VI му даде мандат на Санчез за да формира влада

Шпанскиот крал Фелипе на лидерот на Социјалистите, Педро Санчез му даде мандат за да се обиде да формира влада, иако сè уште нема доволно политичка поддршка.

Социјалистичката партија на Санчез освои најмногу гласови на изборите и има 120 од 350 места во Парламентот.

Санчез сега преговара со ривалските партии за да ја добие нивната поддршка.

Тој веќе има договор со левичарите од партијата Обединети, која има 35 пратеници, но тоа не е доволно за парламентарно мнозинство.

Шпанија имаше четири изборни циклуси за четири години, и ако ниту една партија не успее да формира влада, може да се одржат нови избори следната година, пренесува АП.

Чиле продолжува со потрагата по исчезнатиот авион со 38 патници

Чилеанската војска испратила воени авиони како засилувања во потрагата по карго-авион што се урна со 38 патници над далечен дел помеѓу Јужна Америка и Антарктикот.

Товарниот авион Херкулес Ц-130 исчезна непосредно по полетувањето од југот на Пунта Аренас во понеделникот вечерта. Војската заклучи дека авионот се урнал веднаш потоа. Причината за несреќата не е позната, а шансите да се најдат преживеани се слаби.

Властите соопштија дека потрагата е попречена и од високите бранови на ледениот премин Дрејк и ниските облаци.

Генералот на воздухопловните сили Едуардо Москеира, кој ја води потрагата, во утрово им изјави на новинарите дека потрагата ќе продолжи барем наредните шест дена.

„Можеме да додадеме уште четири дена и да достигнеме до десет дена, но по тоа ќе треба да одлучиме дали да продолжиме“, изјави Москеира.

притисни ентер