Законот за ЈО следната недела пред Парламентот, за шеф на реформираното СЈО предложена Русковска

Следната недела во Собранието ќе биде предложен нов текст на законот за Јавно обвинителство, во кој се вградени оние точки со кои е разговарано со опозицијата и со сите пратенички групи и кои се прифатливи за сите, ако не за најголем број пратеници.

Ова го соопшти денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, појаснувајќи дека со законското решение се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Новиот закон денеска ќе биде доставен до сите политички партии и до медиумите.

Новото СЈО ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство на Република Македонија. На чело на новото СЈО е предложена Вилма Рускоска, која во моментов го води Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Сите обвинители од СЈО ќе продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат.

– Во законодавниот дом, во домот на демократијата ќе отвориме дијалог со сите политички партии и пратенички групи во Собранието, каде што е местото. Текстот што ќе биде предложен ги вградува оние точки за кои досега сме разговарале со опозицијата и со сите други пратенички групи и навистина беа барања на опозицијата, рече Заев.

На овој начин, вели премиерот, ќе се обезбедат досегашната структура и ресурси на СЈО во нова форма и без каква било можност политичарите да одлучуваат за составот и раководството. Тие одлуки ќе ги носи Советот за јавни обвинители.

Сите случаи кои се пред судовите, а се во надлежност на СЈО ќе ги застапува новото обинителство во фазата во која се застанати. Останатите вработени во СЈО, истражителите, архивата, материјалите, средствата, опремата преминуваат во новото обвинителство.

Висината на средствата за работа на ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција ќе се уредува на предлог буџет и финансиски план на шефот на оваа институција, кој потоа се доставува до Министерството за финансии, а Владата и Собранието нема да можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да обезбедат финансиски средства за непречена работа.

– Откако Катица Јанева ја депонираше својата оставка и денеска го предлагаме овој текст. Не гледаме избор од опозицијата да избегнува разговори и договори за ова прашање, освен ако нема намера и натаму да и нанесува штета на државата и да заштитува нечиј криминал, рече Заев.

Нагласи дека лидерската средба, како што е познато е откажана, бидејќи до денеска не се создадени услови за состанокот.

-Во мое име и во име на Владата не се прифалтиви ултиматуми, кои тргнуваат од позицијата да штитат криминал и кои ги ставаат партиски пред државните интереси. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбија лидерска без аргументи и без разум, додаде тој. /МИА

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер