Кои се точките на судир меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

Дали е можен комрпомис и договор меѓу власта и опозицијата за отворените политички прашања, од кои делумно зависи и европската перспектива на земјава?

Во оваа анлиза ќе се обидем да ги претсатвиме точки на судитр меѓу СДСМ и ВМРо-ДПМНЕ за темите кои премиерто Заев ги стави на маса: Изборниот законик, пописот којшто треба да се спроведе во април догодина и надминување на разликите околу предлог законот за јавно обвинителство преку кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Власта во однос на подготовка на нов изборен модел вели во Изборниот законик треба да биде инкорпорирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР  и другите меѓународни институции. Премиерот Заев изјави дека за него е прифатливо решение да се премине на отворени листи, предлог којшто заедно со една изборна единица веќе подолго го заговараат малите политички партии.

ВМРО ДПМНЕ засега е без конкретни предлози за тоа како во иднина треба да се бираат народните претставници. Велат се разгледуваат повеќе можни решенија. За Мицкоски лично, како што изјави неодамна, интересен е предлогот државата да биде поделена во 120 изборни единици наместо како досега во шест. Според досегашните изјави од опозициската партија , мнозинскиот модел е оној којшто го преферираат.

Предлог законот за пописот беше испратен во Собранието, но за кратко беше повлечен. Власта предвидува пописот да се спроведува комбинирано преку теренски проверки, но и користење на бази на податоци од државните институции. Ќе се попишуваат и иселените, за кои податоци ќе може да даваат нивни блиски, но од Заводот за статистика објаснуваат дека тие нема да се водат како жители на земјава.

Опозицијата силно се противи на предложениот модел нарекувајќи го штетен по мнозинското население – Македонците. Предлагаат само теренски проверки и без попишување на населението кое во моментот на попис живее во земјава. Мицкоски најавува и бојкот на пописот доколку не се постигне заемно прифатливо решение.

Преговарачките тимови на власта и опозицијата месеци наназад се обидуваат да најдат законско решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Со законот треба да се реши идниот статус и начин на функционирање на Специјалното јавно обвинителство. Власта предлага СЈО кое ќе биде дел од Јавното обвинителство, но со висока автономија во спроведувањето на истрагите, финансиска независност и продолжување на сите досега отворени истраги. Наспротив тоа, опозицијата смета дека СЈО во иднина треба да биде само одделение во рамки на редовното обвинителството, бараат да се прекинат сите истраги отворени по 30 јуни 2017 бидејќи се отворени по истекот на рокот од 18 месеци предвидени за отворање на истраги и обвиненија.

Опозицијата излез од состогната гледаат само преку предвремени избори, а не дијалог за отворените прашања. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели доколку годинава избори не се можни,  според него, април звучи симпатично за одржување на избори.  Избори напролет догодина прифатливи се и за владиниот коалиционер ДУИ.

СДСМ и Заев, пак, се дека избори годинава би го загрозиле евроинтеграцискиот процес и сметаат дека освен очекуваното членснтво во НАТО во декмеври и датумот за преговори во октомври, треба да се остави простор и за да се почувствуваат ефектите од владините економски мерки.

Мицкоски разликите меѓу власта и опозицијата ги оцени како дијамттлано спотивствани и покрај обидите на работните групи да ги доближат.. Дали ова може да се надмине во скоро време или ќе биде вовед во нови политички турбуленции, останува да видиме во следниот период..

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

Островот Лезбос ја спушта рампата за мигранти

 Властите на грчкиот остров Лезбос соопштија дека веќе не се во можност да обезбедат сместување за нови мигранти кои доаѓаат на островот.

Со оглед на тоа дека во кампот за мигранти во моментов престојувале четири пати повеќе лица  отколку што било предвидено.

Две официјални лица од Лезбос за странските агенции изјавиле дека моментално во кампот имало 12 илјади мигранти и дека веќе нема можност за дополнителни сместувања.

притисни ентер