„Пивофест" во Прилеп почна во весела атмносфера со посетители од земјава и странство

Во весела атмосфера, со голема забава и музика за сите генерации со голтка пенлив пијалак и вкусна скара, синоќа, во Прилеп беше отворена големата атрактивна летна манифестација „Пивофест 2019".

Пред илјадници посетители на свеченото отворање на големата фестивалска бина прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, наздравувајќи им порача добредојде на сите посетители.

– Посакувам да се забавувате, да се дружите и со добра мисла да бидеме заедно во Прилеп овие четири фестиваски дена, рече Јованоски.

Атмосферата весела и на штандовите, на плоштадите, пред големата сцена, како и кај алтернативната на Камената бина на плоштадот „Александрија" и на неколкуте локации во градот со забава за сите генерации.

Според пиварниците и скараџиите, има голем интерес да се вкусат производите, а кулминацијата се очекува овие три дена, особено вечер и утревечер.

Анкетирајќи ги посетителите сретнавме домаќини кои чекаат гости од другите градови од земјава, а веќе се дојдени и гостите од соседството, како и нашинците од дијаспората, особено од Австралија. Неподелено е мислењето дека по Фестивалот, Прилеп е препознатлив во регионот, има 17-годишна традиција која треба да се одржува, а како што нагласува туристичкиот водич Милан Велески, „Пивофест" е голема туристичка атракција.

-„Пивофест" е препознатлив и атрактивен како настан во Пелагонискиот регион. Тој е туристичка атракција која го привлекува вниманието на посетителите и гостите од цела Македонија и од странство. мене ми се најавија гости кои моментално се во Скопје и во Охрид дека ќе го посетат „Пивофест". фестивалот треба да се развива, изјави Велески.

Голем број посетители привлекоа синоќешните изведувачи: „Прилепски еснаф", дуетот Селимова – Желчески, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, а посебно внимание предизвика концертот на групата „Галија" кој ја воодушеви публиката. На алтернативната сцена на Камената бина за младите имаше музика и перформанси на стаклен светлечки робот кој предизвика големи атракции.

Денеска се очекуваат бројни посетители. Вечер на големата фестивалска бина ќе настапат: Ален Хасановиќ, Миле Кузманоски, Кантурови и на крајот Светлана Ражњатовиќ-Цеца. Во текот на утрешниот ден се очекува посета и на политичари и на дипломатски претставници во земјава.

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

Де Роси за дуелот со Алонсо во ЛЕ: Го почитувам уште од кога беше играч

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ја прокоментира големата победа на тимот со 2:1 против екипата на Милан, со која и официјално „римските волци“ се пласираа во полуфиналето на Лига Европа.

Менаџерот, кој неодамна го презеде првиот тим, продолжува да прави чуда, а синоќа ги пофали своите играчи за нивниот напредок.

-За да го победиме овој Милан ни требаа вештини. Кога останавме со 10 фудбалери, моравме да играме со интензитет, но со интелигенција и тактичко знаење. Само трчање не е доволно. Многу сум горд што тренирам таков тим. Не беше лесно бидејќи Милан е многу силен тим кој игра добар фудбал. Завчера видовме дека дури ни Реал Мадрид не беше активен и се бранеше, ние истото го направивме, кога беше вистинскиот момент за тоа, изјави Де Роси.

Римјаните во полуфиналната фаза ќе играат против екипата на Баер Леверкузен во реприза на пресметката од истата фаза на турнирот од минатата кампања, кога „волците“ стигнаа до успехот.

-Можеби сакаат да се одмаздат за минатата година кога ги победивме. Ќе видиме што ќе се случи, но очигледно не не сметаат за фаворити. Можеби некој го чекаше Милан во полуфиналето од Лига Европа. Имам голема почит кон Чаби Алонсо уште од кога беше играч, додаде Де Роси.

Првиот натпревар е на 2 мај (четврток), а реваншот е точно една недела подоцна на 9 мај (четврток). /МИА

притисни ентер