УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ

 Управата за јавни приходи (УЈП) денеска попладне ќе постави пулт „Мој ДДВ" во Веро 2 Тафталиџе во Скопје, каде граѓаните ќе можат да се информираат за мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ.

Вакви промоции на Мој ДДВ во наредниот период ќе се случуваат во повеќе градови низ државата, најави УЈП. 

Хелсиншкиот комитет: Раст од 30 проценти на случаи на дискриминација во 2018 година

119 пријави за дискриминација се пријавени во годинешниот извештај на Хелсиншкиот комитет.

 За 30 проценти се зголемиле бројот на преставки по основ на полова, религиозона, социјален статус и на работното место. Граѓаните пријауваат дискириманација, но забележително е што предметите долго остануваат во судските фиоки.

Од хелсиншки објаснуваат дека позитивно е тоа што граѓаните се повеќе говарат за дискриминација и се охрабруваат да пријават, она што е потребно е институциите да го спроведуваат законот против дискриминација.

Во соработка со Народниот правобранител податоците покажале дека во 92 постапки што тој постапувал во 31 случај утврд дискриминација.

Општина Чашка ќе го решава проблемот со водоснабдувањето во Населба Чашка, Богомила, Согле и Мартолци

Општина Чашка  ќе прави бушотини за вода на длабочина од 30 до 40 метри во населените места Населба Чашка, Богомила, Согле и Мартолци, а со кои ќе се подобри водоснабдувањето на жителите  од овие населени места.

Како што појасни за медиумите градоначалниот Горан Стојановски,општината веќе  извршила испитувања на локации во овие населени места.

-При тоа  на овие локации најдени се гаранции дека  има вода во поголеми количини, информира Стојановски.

Тој појасни дека Општина Чашка по ребалансот на буџетот закажан за седница на Советот во понеделник на 26 август,  очекува со измени на планот за јавни набавки да  се започне со бушење за добивање на нови количества вода во Населбата  Чашка и селата Богомила и Согле, како и во селото Мартолци, а кое било  вклучено во претходната програма.

Одлуката за новите бушотини со вода, уследи откако Општина Чашка претходно односно минатата година  по превземањето  на водовите набави нови пумпи но проблемот не го реши.

-Минатата година за овие водоводи кои преминаа во сопственост  на Општината , а со нив стопанисува ЈПКД „Тополка" ние  набавивме нови  пумпи. Но за жал издашноста на бунарите е многу мала и не можат да испумпуваат  доволно количества со вода. Поради тоа ние  се одлучивме за нови бушотини  со  нови изворишта со поголеми колчества на  вода.појасни Стојановски.

Тој потенцира дека со новите бушотини, како Општина ќе го решат повеќедеценискиот проблем со недостиг на вода за населението од овие четири  населени места посебно во летните месеци, а  кога има голем недостиг на вода.

Градоначалникот Стојановски воедно  информира деја преку ЕБР и Министерството за транспорт и врски ќе започне втората фаза за водоводот во  село Горно Јаболчиште, а  за кој се обезбедени 240 илјади евра./МИА

Власта и опозицијата од утре на нови преговори за СЈО?!

Владата потврди дека утре ќе продолжат разговорите на работните групи за Законот за јавното обвинителство кој како точка на дневен ред ,уште пред летниот одмор на Собранието е закажан за седницата во вторник.

Во врска со оваа информација од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 велат: сеуште нема договорено термин кога би се одржала следната средба на работните групи по однос на Законот за јавното обвинителство, но и дека во следните денови се отворени за таква средба. Таман се чинеше дека ова законско решение без изграден консензус власт-опозиција ,влегува во собраниска процедура сепак, можната средба на работните групи остава надеж и за такво нешто. 

Аналитичарите кои ги консултираше Канал 5 велат не треба трагично да се гледа на ситуацијата ако нема консензус за ова прашање зашто ниту во евроатлантската заедница секогаш законите не се носат консензуално.

Според нив дури и подобро би било ако предлог законот влегува директно на седница со што би се видела индивидуалната позиционираност на секоја од партиите  во услови кога мали се разликите за да не се постигне согласност , а тврдењата за некакви суштински разлики, се само спин.

Покрај носењето на Законот за јавното обвинителство , услов за датум во октомври за почеток на преговорите со Европската унија е и барањето за брза, ефикасна, транспарентна и објективна истрага за случајот рекет, со што би се демонстрирале на дело залагањата за беспоштедна борба со организираниот криминал и корупцијата.

Она на што апелираат аналитичарите е да не се остави некој да се амнестира од вина ако навистина ја има, или да направи се во јавноста да се стекне впечаток дека некој и нешто се амнестираат. Бидејќи и онака разнишаната доверба на граѓаните во институциите за спроведување на правдата, дополнително би се изневерила.

притисни ентер