Русковска: Се истражува рекет и врз други бизнисмени

Засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет". 

Има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од осомничените, неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството, но во моментов детали за тоа не можат да се откријат, вели обвинителката Вилма Рускоска и посочува дека се уште не завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката.

-Имаме сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите, наведува Рускоска во изјава за Дојче веле.

Информира дека се уште трае вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што и беше одземен во понеделникот и дека, од тој аспект, нема нови моменти во истрагата.

Русковска вели дека „се уште не контактирале други обвинители и истражители од СЈО" во врска со случајот „Рекет", како и за предметот „Империја".

Таа уште еднаш потврди дека премиерот Зоран Заев го информирал ЈО за случајот „Рекет". Други случаи на уцена врз бизнисмени пријавени од страна на премиерот, немало.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер