Повеќе лица врз кои е направен обид за рекет сами ги пријавуаат случаите

Специјалната обвинителка Катица Јанева трет ден ја нема во јавноста да ја објасни својата улогата во случајот Рекет.

Единствено денеска го информирала СЈО информираше дека отворила боледување на 16 јули, ден по аферата Рекет во која и беше одземен мобилниот телефон.

Од што боледува обвинителката информации нема. Телевзијата Алсат објави дека пред неколку недели врз неа се спровела хируршка интервенција за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење, но оваа операција не се поврзува со боледувањето.

Во меѓувреме одземениот мобилен телефон од Јанева се уште се вештачи а таа се уште не е повикана да даде исказ.

Дел од правниците очекуваат транспарентна истрага од обвинителството за организиран криминал особено што се работи како што велат за личност на која и беше доверена правдата, но велат во секој случај тоа не треба да се одрази на предметите што ги работи СЈО.

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека му се обратиле уценувани бизнисмени, Русковска за Канал 5 потврди дека тој ја известил а по нејзин совет рекетираниот сведок поднел кривична пријава. Во меѓувреме и други лица, потврдуваат од обвинителството, пријавиле дека биле мета на обид за рекет.

Во текот на предистражната постапка до надлежниот јавен обвинител се обратија и други лица кои тврдеа дека имало обид за изнуда на поголем износ на парични средства. Надлежниот јавен обвинител што постапува во предметот ги презема сите неопходни мерки што се во негова надлежност во насока на расветлување на наводите од овие лица.

Во рамки на истрагата, се вештачат и останатите докази одземени при претресите во канцеларијата на Боки 13 во 1тв, неговиот дом и домот на Зоки Кичеец.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер