Почна тридневниот хакатон за учење преку игра „Inno4Edu"

Практичните алатки кои ќе бидат достапни на веб платформата се дизајнирани за да го поддржат учењето преку игра на сите места каде што детето најчесто престојува – дома, во предучилишните установи и на училиште.

Во текот на следните три дена гејмери, графички дизајнери и уметници со десет ментори од Бирото за развој на образованието, академици и едукатори од предучилишно образование и од основно образование ќе работат на заедничко создавање електронски игри за поттикнување на учењето преку игра.

Прес-службата на УНИЦЕФ информира дека најдобрите онлајн и дигитални игри што ќе се подготват на овој хакатон ќе бидат вклучени во националната веб платформа за образование – онлајн библиотека со едукативни игри и ресурси за родители и наставници, кои ќе служат за да се збогатат можностите за учење на децата од предучилишна возраст и во првиот циклус на основно образование, од прво до трето одделение.

Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс исткана дека учењето преку игра е еден од најважните начини на кои малите деца стекнуваат суштински знаења и вештини.

– Тие играат за да го разберат светот околу нив. При изборот да играат со она што им се допаѓа, децата развиваат вештини во сите развојни домени: во интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и физичкиот домен. Подеднакво важно е што тие ги развиваат вештините неопходни за учење како што се способноста за решавање проблеми, анализа, проценка, примена на знаењето и креативност, рече Перкс.

– Глобалните истражувања покажуваат дека учењето преку игра ги подобрува академските и развојни резултати на децата. Исто така, тие потврдуваат дека има долгорочни придобивки од програмите за развој во раното детство во кои децата се изложени на учење и решавање проблеми преку самоиницијативни активности и насоки од наставниците. Иако традиционалниот пристап кон учењето во основните училишта е фокусиран на предавања, истражувањата покажуваат дека учењето преку игра е подеднакво ефективно и во програмите во основните училишта, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.

„Inno4Edu" хакатонот се организира во партнерство со СмартАп – Лабораторија за социјални иновации со поддршка од Владата на Велика Британија преку Британската амбасада во Скопје во партнерство со УНИЦЕФ, министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика и Бирото за развој на образованието, како дел од програмата „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на образованието преку ко-креирање и иновации". /МИА

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер