МЗ: Пациентите вклучени во програмата за третман на зависности ќе добиваат метадон на локација која им е најблиску до местото на живеење

– Во тек се административно-технички подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени и веднаш по нивното завршување тие ќе бидат пуштени во функција, наведуваат од Министерството.

Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански", во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември",  информираат од Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека регистрирани се вкупно 520 пациенти кои се дел од програмата за лекување и третман на зависности. Се планира по околу 120 пациенти да ја земаат терапијата во наведените пунктови, освен во ГОБ „8 Септември" каде ќе ја земаат помал број пациенти. / МИА

Претставен новиот Волво на хибриден погон (ВИДЕО)

Актуелниот Волво Ѕ60 ја доби најсилната погонска верзија со 390 Кс во комбинација на бензински и електромотор.

Третата генерација на Ѕ60 доаѓа со моќен Т8 плаг-ин хибрид. Турбо бензинецот има 303 КС , а електромоторот дополнителни 87 КС , а силата од 390 КС е распоредена на сите четири тркала со помош на 8- брзинскиот менувач.

На 100 км/час стигнува за 4,6 секунди , а од Волво велат дека оваа лимузина троши само 1,6 литри бензин на 100 км.

Емисијата на јаглероден диоксид е само 39 грама на поминат километар. Самостојно со батериите новиот Волво може да помине 58 километри.

Отворена најголемата гаража за велосипеди на светот (ВИДЕО)

Во холандскиот град Утрехт , под централната железничка станица е отворена најголемата гаража за велосипеди на светот.

Гаражата има капацитет од 12 500 велосипеди . Холандија , со население од 17 милиони има дури 23 милиони велосипеди и во просек секој жител на оваа земја на велосипед минува 18 минути дневно.

Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во светот , па не зачудува што токму таму е изградена најголемата гаража.

Пред две години бил отворен првиот дел од паркингот со капацитет од 7 500 велосипеди , а сега е целосно завршен големиот проект. паркингот е на три ката и работи 24 часа.

Маж оди 700 километри наназад за да ги спаси шумите (ВИДЕО)

Индонежанецот Меди Бастони реши да оди 700 километри наназад за да привлече внимание и да укаже на уништувањето на шумите на островот Јава.

Овој предизвик , Бастони го почна на 18. јули и планира да го заврши во главниот град Џакарта.

Тој  утре треба да го заврши своето патување и планира да се сретне со претседателот на Индонезија, Јоко Видодо и да го замоли да засади нови дрвја на Јава.

Бастони (43) и минатата година одеше наназад во борба против уништувањето на шумите.

притисни ентер