„Предизвикот на Шар Планина" погоден и за рекреативци

 Натпреварувачката манифестација „Предизвикот на Шар Планина" покрај за активни спортисти е погодна и за рекреативци со основна физичка кондиција па искачувањето од Тетово до Попова Шапка можат лесно да го изведат.

На денешната прес конференција ваков повик упатија организаторите општина Тетово и Здружението за спорт „Прв до врв". Предизвикот на Шар Планина има три категории: планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

-Добредојдени се да учествуваат покрај спортисите и рекреативци. Не само во велосипедизам туку и во трчање бидејќи планинско трчање не подразбира искачување цело време со трчање туку може да биде и планианррење. Затоа секој со основна физичка подготвеност кој има некаков континуитет во рекреакцијата е добредојден и може да учествува и да ги заврши патеките, изјави Александар Георгиевски, од Здружението „Прв до врв".

Во сабота 20 јули второто издание на спортско-рекреативната манифестација „Предизвикот на Шар Планина" (Sharra Challenge), почнува од тетовскиот градски плоштад во 9 часот.

-Оваа активност, покрај натпреварувачкиот карактер, ја носи и пораката за здрав живот, која ние како општинска администрација веќе многу години се обидуваме да ја промовираме преку формални и неформални политики и поддршка на таквите спортски активности.Во овие спортови не постојат типични победници и губитници, но има натпреварувачи кои се потрудиле повеќе од другите и кои ќе влезат во кругот на првите тројца.Спортот нè обединува, ги искоренува предрасудите и нè тера да сфатиме дека сме и можеме да станеме подобри, исто како што сакаме да ги запознаеме другите до нас како добар пример во семејството, меѓу пријателите и во општеството во кое живееме, истакна Ахмед Ќазими, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности.

Патеката за планинско трчање долга 10 километри, додека за друмски велосипедизам и планински велосипедизам по 20 километри. Најбрзите се очекуваат на Попова Шапка само по еден час од тргнувањето. Завршниот дел од манифестацијата со прогласување на победници е закажан за околу 13 часот.

Почнаа изборите во Индија - се гласа до 1 јуни, право на глас имаат 968 милиони луѓе

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори со најголем број гласачи во светот, а премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да добие трет мандат.

Главниот ривал на партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на Моди е коалицијата „Индија“ на Рахул Ганди.

Парламентарните избори во Индија ќе траат до 1 јуни, а право на глас имаат 968 милиони луѓе.

Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот.

На претходните избори БЈП освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) 52 места.

Гласачите ќе гласаат на електронски гласачки машини, а за да се обезбеди сигурност гласањето се одвива во седум фази - 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за извршителите, брзите кредити и должничкото ропство“

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола. 

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

- Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција.

Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. - нагласи Глигорова.

- Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Арсовска изврши увид на градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје денес реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Град Скопје

притисни ентер