Обновената брана Слатино ќе биде пуштена во употреба

Во Дебарца денеска ќе биде пуштена во употреба браната Слатино, реконструирана во рамки на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави.

Браната Слатино беше сериозно оштетена и имаше потреба од обемна реконструкција. Со 1,2 мил. евра, ЕУ помогна да се намали потенцијалниот ризик од поплави и да се зголеми отпорот кон идните поплавувања. Таа ги поддржа и услугите за наводнување што браната ги обезбедува за локалното население.

На настанот, што е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ", кој има за цел да ја подигне свесноста и да ја информира јавноста за помошта што Унијата ѝ ја дава на земјата, најавено е присуство на шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, претставничката на УНДП Нарин Сахакјан, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески. 

Проектот го спроведе УНДП во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

ЕУ им помогна на земјата и нејзините граѓани да ги надминат последиците од поплавите со тоа што обезбеди 10 милиони евра во изминатите две години. Оваа помош од ЕУ беше наменета за приоритетните потреби и помогна да се реконструира транспортната и водната инфраструктура во најпогодените области, во согласност со принципот за одржливост „Повторно изгради подобро". /МИА

Фото: Вучиќ подготвува сарми

Српскиот претседател Александар Вучиќ им помогнал на вравботените во кујната на претседателството да подготват сарма.

Во паузата помеѓу состанокот со европските претставници и тимот за унапредување на животната средина, Вучиќ  денеска објави фотографија од кујната.

Им благодарам на прекрасните готвачи , на кои не им е тешко да работат и во сабота и што секогаш подготвуваат  најдобра храна за вработените и за нашите гости, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Видео: Демонстранти пробале да влезат во театарот во кој бил Макрон

Учесниците на протестот против предложените реформи на пензискиот систем на француската влада се обидоа да влезат во театар, каде што претседателот Макрон гледал претстава.

Макрон во театарот во Париз бил со својата сопруга.

На снимките објавени на социјалните мрежи се слуша како демонстрантите го повикуваат Макрон да поднесе оставка и се гледа како во еден момент се обидуваат да влезат во театарот како францускиот претседател гледал претстава.

Како што пренесува „Ројтерс“, неименуван извор близок до Макрон потврдил дека имало обид за упад во театарот, но нагласил и дека претседателот и неговата сопруга останале до крајот на претставата и си заминале околу 22 часот со автомобил и полициска придружба.

Новинарот и политички активист Таха Бухаф, кој бил во театарот, објавил на Твитер дека претседателот се наоѓа таму.

Повеќе населби во Општина Гази Баба утре без вода

Без вода утре од 10 часот можно е да останат корисниците на Скопска ПИВАРА, дел од Булевар „Александар Македонски" и населбите Ченто, Маџари, Хиподром и Трубарево.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека утре ќе се работи на уличен дефект од ф700 милиметри без затворање на вода на Бул. „Александар Македонски" бб ( ЕСТ – Када ) пред влезот на АСУЦ „Боро Петрушевски", но, нагласуваат дека,  доколку има потреба ќе се затвори водата од 10 часот се до завршување на дефектот./МИА

притисни ентер