Лидерска ќе има, Заев повторно го повика Мицкоски да дојде

Лидерската средба закажана за утре најверојатно ќе се одржи во отсуство на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција во Владата повторно го повика Мицкоски да дојде на средбата, истакнувајќи дека таа ќе се одржи без разлика на неговото учество и оти е негова одговорност дали ќе се појави на средбата. Мицкоски, пак, не го промени ставот дека не гледа потреба да присуствува на средба на која, како што рече во вторникот, ќе се разговара за се, а не за тоа што и е потребно на земјава – предвремени парламентарни избори. Присуството на средбата го потврдија Али Ахмети од ДУИ и Зијадин Села од Алијансата за Албанците.

– Јас сум подготвен за се да разговарам вклучувајќи го она што Мицкоски сака да го нотира. Правам уште еднаш обид, ред е да се појавиме таму. Не мора да се договориме за сите прашања, но треба да разговараме. Тоа е наша обврска, рече вчера на прес-конференција Заев.

Според него, не можеме да бидеме нормална земја ако лидерите не седнат да разговараат за пописот, бидејќи тој не може да се одложи за уште десет години.

Мицкоски бара да се разговара за предвремени избори, но, како што рече Заев, прво треба да се договорат за Изборниот законик, за чие носење препораки даде и ОДИХР. Според него, неодложно е и носењето на законот за Јавно обвинителство.

Премиерот повтори дека лидерската средба ќе се одржи в петок, сите теми се потенцијал за разговор, но оти нема намера да исполнува желба за предвремени избори.

– Немам намера да исполнувам желби за предвремени избори, иако знам дека ќе победам, дека власта ќе победи. Но немам намера само заради тоа за да не наштетам на економските перспективи на граѓаните, додаде Заев.

Сепак, Заев рече дека очекува Мицкоски да се појави на лидерската средба, истакнувајќи дека тој, како еден од политичките партиципиенти, ќе продолжи да ги турка процесите што ќе ја внесат државата во НАТО и ЕУ, како и зголемувањето на економските параметри, бидејќи, како што рече, тоа е очекувањето на граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера немаше никаков коментар ниту, пак, реакција за повторниот повик на премиерот Мицкоски да присуствува на средбата.

На последната прес-конференција што ја одржа Мицкоски во вторникот побара оставка од Владата и предвремени избори, но и постави низа прашања поврзани со СЈО и инволвираните во случајот „Рекет".

Најголем дел од партиските преписки и прес-конференции вчера, пак, беа поврзани со случајот „Рекет" и сомнежите поврзани со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. /МИА

На патот Ресен – Охрид после Буково се изведуваат работи на пат

На патниот правец Ресен-Охрид на три километри после планинскиот превој Буково се изведуваат работи на пат.

 На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од „Македонија пат" информираат дека активностите на патот како што се кастрење и поставување на заштитна мрежа ќе траат околу 20 дена.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот. 

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб

Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб.

Три години земјоделците го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати.

Три години нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски.

Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Грижата за земјоделците откако дојде СДСМ на власт се виде. Поради сето ова што се случува потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите тогаш ќе започне нова ера во земјоделието.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски да одговори има ли тајни средби и со кого?

Тајкнуните за кои се водат серија на предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски. 

Лицата што се снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

 Медиумот каде што излегуваат снимките имаат линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

 Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот Рекет, споменатиот Зоран Кичеец.

 Затоа, наместо да се крие зад лажни вести Мицковски треба да излезе пред граѓаните и да одговори со кого се гледал и зошто:

·         Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто?

·         Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал?

·         Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?

 Јавноста очекува одговори.

 ВМРО-ДПМНЕ не ја промени својата режимска матрица. Останува посветена единствено на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер