Конференција на „Економист": Договорот од Преспа една од темите

Министерот Димитров во неговото обраќање, за да ја долови ситуацијата во односите меѓу двете соседни земји, рече дека сега се искачивме на врв од планина, зад нас оставаме студенило, зима и темнина, а пред нас гледаме пролет, зеленило и светлина.

За Договорот од Преспа, предизвиците за Балканот, но и за иднината на билатералните односи меѓу Македонија и Грција, меѓу другото дискутираа учесниците на панелот посветен на регион во рамките на конференцијата на „Економист", односно „23та тркалезна маса со грчката Влада", јави дописничката на МИА од Атина.

На утринската сесија од вториот ден на „Економист", Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, заедно со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, актуелниот министер за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос и неговиот претходник, Евангелос Апостолакис, во нивната дискусија се задржаа на регионот и стабилноста на Балканот.

Министерот Димитров во неговото обраќање, за да ја долови ситуацијата во односите меѓу двете соседни земји, рече дека сега се искачивме на врв од планина, зад нас оставаме студенило, зима и темнина, а пред нас гледаме пролет, зеленило и светлина. Истакна дека „треба да бидеме горди на тоа дека овој пат добрите вести доаѓаат од Балканот", порачувајќи дека „не можеме да ја смениме географијата или историјата, но можеме да изградиме иднина", преку градење меѓусебна доверба и разбирање на другиот.

Во однос на очекувањата од новата грчка Влада, Димитров рече дека треба да се продолжи да се работи во иста насока, а Договорот од Преспа е договор, потпишан и ратификуван меѓу две земји и е дел од меѓународна право.

– Мислам дека треба да продолжиме да работиме во иста насока и со новата Влада. Штом мојот колега Дендиас беше одбран јас бев во Словачка, му се јавив и му честитав. Ќе се сретневме, но мораше да оди во САД. Мислам дека ќе има поле на можност за да се изгради доверба, рече Димитров.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во неговото обраќање на панел-дискусијата изрази надеж дека ќе постои простор во иднина договорот да се направи „покорисен за двете страни во следните месеци и години преку пристапниот процес во ЕУ на северниот сосед".

Варвициотис објасни дека Нова демократија „се бореше против потпишувањето и ратификацијата на договорот", бидејќи сметала дека не ги исполни потребите и очекувањата на грчката страна, а спомена и дека тие ќе работат на заштита на трговските ознаки и имиња.

Амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат рече дека „Грција е столб на стабилноста во тежок регион и ги дели клучните стратешки цели на САД од Западен Балкан со Блискиот исток.

Алтернативниот министер за надворешни работи, Милитиадис Варвициотис, поранешниот шеф на дипломатијата, Јоргос Катругалос и министерот за одбрана Никос Панајотопулос порано си заминаа од панел дискусијата бидејќи во грчкиот Парламент, требаше да положат свечена заклетва, заедно со останатите новоизбрани пратеници./МИА.

Кејт Мидлтон се огласи на „X“, за прв пат откако објави дека има рак

Кејт Мидлтон се огласи на Твитер за прв пат откако објави дека боледува од рак.

Таа се осврна на неодамнешните напади во Австралија. Имено, 40-годишен маж избоде до смрт шест лица во трговски центар во Сиднеј за време на викендот. Од шестмината убиени, пет се жени. Подоцна, во црква во Сиднеј бил нападнат и епископ.

„Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј. Нашите мисли се со најблиските на оние кои починаа, оние кои беа погодени од оваа ситуација и хероите на службите за итни случаи кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други“, се вели во соопштението на принцезата од Велс и принцот Вилијам.

Потсетуваме, Кејт на крајот на март ѝ се обрати на јавноста со емотивна видео порака во која откри дека дијагнозата го шокирала целото семејство и дека таа и Вилијам „направиле сѐ што можеле за да се справат со ситуацијата и да ја решат приватно во корист на семејството“.

Ракот на Кетрин беше откриен дури откако таа беше подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да објавуваат детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е, и побарале од јавноста да не шпекулира.

Косово доби поддршка за прием во Советот на Европа, конечната одлука на средината на мај

Парламентарното собрание на Советот на Европа вечерва го усвои извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Косово да стане членка на Советот на Европа..

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани.. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години..

Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука со двотретинско мнозинство да ја донесе кон средината на мај..

Џони Деп ги изненади фановите во Лондон, сите забележаа дека ослабел (ФОТО)

Џони Деп го привлече вниманието на неодамнешната премиера на Jeanne du Barry во Лондон.

Носеше црн костум на Диор, бела кошула и сив капут. Комбинираше и очила за сонце. 60-годишниот актер спремно им позираше на фотографите на црвениот тепих.

Неговите фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многу фанови напишаа дека Деп многу ослабел. Покрај тоа, неодамна ја скрати косата. Во февруари се снимаше во Италија, каде што го режира филмот Моди, а потоа и понатаму ја носеше својата коса подолго.

Потсетуваме дека во историската драма Jeanne du Barry главната улога ја има Џони Деп. Филмот го режираше француската актерка и режисерка Мејвен, која го отелотвори главниот женски лик. Овој филм е и првиот филм во кој Деп глуми целосно на француски јазик.

притисни ентер