Прв Центар за медијација за промоција на придобивките од договорното решавање на споровите

Затоа што страните што доаѓаат во постапка на медијација однапред имаат предзнаење, а тоа е вештина на медијаторот, дека всусшност треба да дојдат да се договорат врз база на интересот. 

Во склоп на Сојузот на стопански комори (ССК) почнува да работи првиот Центар за медијација чија цел е преку предавања и обуки да ги запознае, пред сè, бизнисмените за предностите од решавање на споровите на мирен и ефикасен начин наместо во судски постапки кои се поскапи и подолготрајни.

Центарот го отвора Комората на медијатори која е формирана пред две години. Нејзиниот претседател Славе Младеновски на прес-конференција рече дека центарот ќе функционира по меѓународни стандарди и по примерот на вакви места во Европа и светот. Тој рече дека во наредниот период ќе се фокусираат на популаризација и промоција на медијацијата во интерес на граѓаните и правните субјекти. Целта е, пред сѐ, бизнис-секторот да може да се обрати во Комората и својот спор да го реши во постапка на медијација и таа да биде објаснета како постапка и кои се нејзините бенефити.

Младеновски ги повика бизнисмените да покажат интерес споровите да ги решаваат преку медијација. Постапката во суд, според него, за кој било спор не трае помалку од една година, а најчесто и многу повеќе. Со медијацијата, пак, законски услов е постапката да заврши 60 дена, а според досегашните искуства, рече Младеновски, предметите што се решават со медијација ги завршуваат и до пет дена.

– Затоа што страните што доаѓаат во постапка на медијација однапред имаат предзнаење, а тоа е вештина на медијаторот, дека всусшност треба да дојдат да се договорат врз база на интересот. Таквиот пристап им овозможува на страните да си го дефинираат интересот и во неколку разговори таа постапка завршува на заемно задоволство. Она што го прави медијаторот, всушност, е што им помага да ја потпишат спогодбата на која се согласиле двете страни и потоа евентуално да ја заверат на нотар, додаде Младеновски.

Според нивни пресметки, соодносот на заштедените време и трошоци помеѓу медијација и судски спор е еден спрема десет.

Законот за медијација е донесен во 2006 година и до 2016 во постапка на медијација поминале околу 100 предмети. Нивниот број е значително зголемен во изминатите две години со формирањето на Комората на медијатори и сега, според нивната евиденција, има околу две илјади предмети. Тие очекуваат дека со формирањето на центарот сè повеќе ќе се користат услугите на медијаторите, а ќе бидат растоварени и судовите.

Потпретседателот на ССК Александар Милошевски соопшти дека повеќе од 20 000 деловни субјекти кои членуваат во Сојузот ќе бидат запознати со придобивките на медијацијата во центарот што се отовра во рамки на ССК.

Тој посочи дека кај стопанските спорови медијацијата е законски задолжителна ако паричното побарување не надминува 1.000.000 денари, односно странките во тој случај се должни пред поднесување на тужбата на суд да се обидат спорот да го решат по пат на медијација.

Серија предавања што ќе бидат организирани во првиот Центар за медијација во ССК ќе ги водат лиценцирани медијатори и универзитетски професори. Програмата со предавања ќе им биде пратена на сите членки на ССК и ќе биде објавена на неговата веб-страница. Комората на медијатори и ССК најавија вакви центри и во други градови во земјава.

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

По неколкумесечно одложување, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуалната забрана на ТикТок во САД.

Предлог-законите се резултат на повеќемесечни тешки преговори меѓу демократите и републиканците, како и притисокот од сојузниците на САД и постојаните молби за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Законите, сепак, сè уште имаат гласни противници во Конгресот, а надежите за усвојување зависат од кревката двопартиска коалиција која се обидува да ги надмине големите процедурални и законодавни пречки, пренесува Би-Би-Си.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон изјави дека е решен да ги поднесе законите на гласање, и покрај фактот што радикалните републиканци може да побараат негово разрешување.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно, што значи дека некои може да поминат, а некои не.

Претседателот Џо Бајден и демократските пратеници во Конгресот со месеци се залагаат за нов голем пакет оружје за Украина, но републиканците под влијание на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп, ја условуваа помошта.

Со усвојување на законите, исто така, ќе му се овозможи на Бајден да конфискува и продава руски имот, а средствата да ги намени за помош на Украина, потег што беше прифатен и од другите земји од Г7.

Претставничкиот дом ќе ја разгледа и предложената законска одредба со која треба да се принуди ТикТок да се откаже од кинеската матична компанија ByteDance или ќе се соочи со забрана во САД, каде што има околу 170 милиони корисници.

Белата куќа соопшти дека „силно го поддржува“ вкупниот пакет помош и оти Бајден ќе ги потпише законите веднаш штом бидат усвоени од двата дома на Конгресот.

Тоа би можело да се случи за неколку дена, бидејќи лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, вети дека Сенатот со мнозинство од демократите брзо ќе преземе мерки штом бидат усвоени од Претставничкиот дом.

Сепак, политичките аналитичари во САД оценуваат дека усвојувањето на законите во Претставничкиот дом, би можело да го чини спикерот Мајк Џонсон губење на спикерското место. Неколку екстремно десничарски републикански пратеници предупредија дека може да го соборат Џонсон поради поддршката на нацрт-законите. /МИА

притисни ентер