Се расчистува старата тетовска депонија за да се гради пречистителна станица за отпадни води

 Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, градоначалникот на Тетово Теута Арифи и Гир Јохансен, прв секретар на Амбасадата на Норвешка денеска беа на теренска посета во близина на село Фалише, каде се расчистува старата тетовска депонија

По расчитувањето на депонијата, на истото место ќе почне градење на пречистителна станица за отпадни води за тетовскиот регион.

Османи потенцираше дека проектот е важен за регионот, но и за целата држава.

– Овој проект е мултидимензионален, не само по фактот што ќе исчисти една ваква депонија, но и ќе создаде предуслови да се гради пречистителна станица, отпадните води ќе ги чисти од целиот регион. Ќе покажеме одговорност и спрема регионот бидејќи оваа вода ќе оди во Грција, ќе станеме кредибилен фактор на регионот во заштита на животната средина и на граѓаните кои живеат на континентот, рече Османи.

Расчитувањето на депонијата се прави со помош на норвешката Влада.

– И Норвешка пред 25 години се наоѓаше во слична состојба и можеме да се пофалиме со фактот дека сега имаме повеќе од 2.700 пречистителни станица за отпадни води со што бенефит имаат граѓаните и животната средина. Така ќе биде и овде со реализaција на овој проект, рече Јохансен.

Расчитувањето на дивата депонија треба да заврши до декември 2019 година.

– Еден од стандардите за почеток на градба на пречистителна станица беше расчитување на оваа депонија. Во однос на проектната документација ги дадовме сите потребни дозволи, и за градба на пречистителна станица и на двата колектори, и со завршување на овој процес ЕУ нема да има проблем да продолжи со тендерирање и реализирање на проектот, изјави Арифи.

Според предвидувањето, како што рече Арифи, потоа до 2022 година целиот процес треба да биде комплетиран и да се изгради пречистителната станица со средства од ИПА фондовите во висина од 30 милиони евра со кои ќе се градат цела станица, двата колектори и нови канализациски мрежи.

Старата тетовска депонија се наоѓа на 67 илјади квадратни метри на патот од Фалише кон Стримница. Вкупно 170.000 кубни метри отпад се ископува и се транспортира во депонијата Дрисла. Чистењето, одлагањето на отпадот е финансирано од Владата и Општина Тетово со 2,3 милиони евра, додека транспортот на отпадот во износ од 700.000 евра е финансиран од Норвешка во рамки на проектот Нордиска поддршка за напредок на Македонија.

Продале сѐ за да живеат на крузер:Други им готват и чистат за да се чувствуваат како „богаташи“

Животот на оваа брачна двојка за некои е сон.

Моника Брзоски и нејзиниот сопруг Џорел Конли решија да го продадат речиси целиот свој имот, да ја отфрлат секојдневната рутина „од девет до пет“ и станаа крстосувачи кои живеат исклучиво на брод.

И нивните животни одлуки се сведуваа на тоа - дали тој ден да уживаат во базените на океанскиот брод или можеби сепак да останат во спа центарот.

- Сите оброци ни ги готват готвачите, а персоналот ни ги менува чаршафите - се фали Брзоска (32), поранешна учителка од Мемфис, Тенеси, пренесува „NY Post“:

- Не сум влегла во кујната, ниту сум користела машина за перење една година. Не, јас не сум милионер. Само живеам со полно работно време на бродови за крстарење.

Меѓутоа, додека плови на егзотични песочни локации, додека персоналот ја задоволува секоја нејзина потреба - за многумина изгледа како остварување на сонот, оваа жена признава дека животот на вода понекогаш може да биде предизвик.

- Има предизвици, се разбира - признава таа: - Ни недостигаат нашите семејства, но знаеме дека можеме да одиме дома ако има итен случај.

Дури, уште повеќе, семејната криза беше нешто што го инспирираше ова дуо пред две години да тргне на постојано патување околу светот.

- Очајно сакав да го видам светот - рече Брзоска: - Кога на татко ми Анджеј, кој сега има 68 години, му беше потребна трансплантација на црн дроб во август 2022 година, мајка ми Лучина (60) ми рече: „Не чекај да се пензионираш, исполни ги твоите соништа. Направи го тоа сега“.

Со благослов на нивните родители рекоа „чао“ за обичниот живот и се упатија кон луксузен брод.

- Веќе имавме резервирано еднонеделно крстарење по Карибите за март 2023 година - ја продолжува својата приказна Брзоска: - Но, наместо да се вратиме, решивме да продолжиме со нови последователни резервации на луксузни крстарења, сѐ додека можеме да си го дозволиме тоа.

Потоа седнале и внимателно ги пресметале сите трошоци и на крајот успеале да го дизајнираат својот живот на бродови за крстарење - за помалку од 10.000 долари годишно.

- Сместувањето, храната и забавата секако се вклучени - па ни остана само - да ги потрошиме парите - објаснува Брзоска.

Таа и Конли (36) најпрво отпатувале во Мексико, Белизе, Гранд Кајман и Костарика, што им овозможило да добијат огромни попусти на нивните идни патувања.

- Добивме пристап до некои неверојатни понуди - вели оваа жена: - Ако ги избравме најевтините кабини, можевме да заштедиме осум месеци крстарења за 9.989,19 долари. Некои патувања ги плативме во целост, други со депозит.

За да се одржи постојан проток на готовина, овие луѓе ја издаваат својата куќа со три спални соби во Мемфис. Ова им овозможило да го напуштат животот на копно и да го доживеат она што тие го нарекуваат „ослободително“ искуство.

- Порано секогаш имаше планови, саатници, готвење и чистење. Но, сето тоа сега го нема - истакнува таа и додава дека наместо да биде зафатена со работа и домашни работи, деновите ги поминува уживајќи во занаетчиските активности, играјќи квизови со тривијални прашања и смеејќи се на стенд-ап емисиите што ги нудат на бродот.

Нејзиниот сопруг, во ова време, претпочита да ужива гледајќи телевизија и да разговара со своите придружници во барот.

И како оваа промена влијаеше на нивниот брак?

-Без секојдневните животни стресови, ретко се каравме - открива Брзоска: - Но секогаш зборувавме за тоа дека ни треба повеќе време за да поминеме заедно.

Вечните туристи сега имаат „љубовна средба“ еднаш неделно, за што секогаш ги избираат најелегантните ресторани на бродот на кој се наоѓаат во тој момент. Мора да се признае, прилично е тешко да се расправате додека се обиколувате некои од најневеројатните места во светот.

Откако испловија, овие авантуристи посетиле десетици земји, вклучувајќи ги Фиџи, Јапонија и Грција. Во текот на изминатата година, тие биле на дури 36 последователни крстарења, честопати се симнувале од еден брод само за веднаш да се качат на друг во истото пристаниште.

И тие се далеку од единствените кои го прават тоа. И Марсел Поп (33) и Вендула Закова (31) неодамна ја напуштија работата за да го истражуваат светот заедно само два дена откако се сретнаа на одмор во Виетнам. И Њујорчаните Мет Робертсон и Кани Ли ги отфрлија оковите на обичниот живот на третиот состанок и тргнаа на патување во Костарика, кое го опишаа како „надреално искуство“.

- Во нашиот стар живот имавме „моменти“ кои ги нарекувавме „светла“, кога сè ни изгледаше магично и убаво. И сега се чувствуваме како цел живот да ни „блеска“. И тоа е навистина остварување на сонот - заклучува Брзоска.

Потврден е петти смртен случај во Јапонија по употреба на суплемент за намалување на холестерол

Јапонската фармацевтска компанија Кобајаши денеска соопшти дека е потврдена петтата смрт, веројатно поврзана со конзумирањето на додатокот за храна со црвен квасец што го произведува.

Јапонската фармацевтска компанија Кобајаши денеска соопшти дека е потврдена петтата смрт, веројатно поврзана со конзумирањето на додатокот за храна со црвен квасец што го произведува, и дека допрва треба да ја идентификува супстанцијата што може да биде одговорна за предизвикување здравствени проблеми пријавени од стотици луѓе.

Според компанијата, петте лица кои загинале биле на возраст од 70 до 90 години.

Компанијата ги повлече своите додатоци за намалување на холестеролот „beni-koji choleste help“.

„Се извинуваме за проблемите што ги предизвикавме“, рече претседателот на компанијата Акихиро Кобајаши на прес-конференција во Осака, пренесува Kyodo.

Кобајаши рече дека предметната супстанца „може да потекнува од мувла, но допрва треба да се утврди каква (хемиска) структура има.

Висок функционер на компанијата изјави дека околу 680 лица веќе биле или бараат амбулантски третман поради симптоми за кои постои сомневање дека се поврзани со употребата на додатокот, а компанијата ќе им плати отштета, како и на 114-те лица кои се хоспитализирани.

Компанијата објави на 22 март дека луѓето кои земале суплементи дизајнирани да го намалат нивото на ЛДЛ холестеролот, познат како „лош“ холестерол, искусиле симптоми како што е заболување на бубрезите.

Други забележителни пријавени симптоми вклучуваат оток и замор.

Компанијата првично се сомневала во вмешаност на цитринин, токсичен метаболит произведен од црвениот квасец ориз, но претходно соопштија дека не бил откриен во нејзините производи.

Јапонското Министерство за здравство вчера објави дека смртта на четири лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната од црвен квасец ориз од фармацевтската компанија Кобајаши.

Компанијата Кобајаши минатиот петок соопшти дека примила извештаи за болести поврзани со нејзините производи и дека повлекува пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од нејзините додатоци за помош бени-коџи холест.

Компанијата ги повика клиентите да престанат да користат апчиња „бени коиџи“ кои се рекламираат како додаток за намалување на холестеролот и крвниот притисок.

Таа пилула е всушност ориз ферментиран со еден вид црвено-виолетова мувла (monascus purpureus) кој се користи и како боја за разни прехранбени производи.

Ева Мендес ги шокира фановите со изгледот : Која е оваа жена? (ВИДЕО)

Актерката Ева Мендес после долго време се појави во јавноста привлекувајќи внимание со својот изглед.

Мендес гостуваше во емисијата „Тудеј“ на Ен-Би-Си, каде зборуваше за врската со нејзиниот сопруг, актерот Рајан Гослинг и нејзината одлука да се одмори од актерството по раѓањето на нејзината ќерка. Иако во интервјуто откри некои детали од приватниот живот, она што најмногу привлече внимание на социјалните мрежи е изгледот на актерката. Имено, нејзиното лице беше нешто поразлично од она на што се навикнати фановите, а многумина се сомневаат дека актерката претерала со филерите, особено на образите и јаготките.

„Ева... тој филер за образите беше навистина лоша идеја“, „Дали воопшто ја гледам истата личност или има некоја нова Ева Мендес?“, „Ова не може да биде Ева... Кој ѝ го направи ова? "," Што направила таа со нејзиното лице?" беа само дел од коментарите за нејзиниот изглед, а некои се пошегуваа дека сите холивудски пластични хирурзи треба да бидат затворени.

Други, пак, беа воодушевени од нејзиниот изглед на 50-годишна возраст и посакуваа и самите да изгледаат така на таа возраст, а некои дури тврдеа дека таа неодоливо потсетува на актерката Ракел Велч, секс симболот на 60-тите и 70-тите години , по која што Рајан Гослинг бил занесен во младоста.

„Ја видов Ракел Велч на Мапет шоуто кога бев млад. со списанието W.“, рекол претходно во интервју.

притисни ентер