Полското камерно трио „Пендерецки" вечерва на „Охридско лето"

Концертот ќе се одржи во несекојдневната акустика на катедралната црква „Света Софија", со почеток од 21.00 часот.

Шестиот ден од програмата на годинешното 59-то издание на „Охридско лето" нуди концерт на полското трио „Пендерецки", составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело.

Клавирското трио „Пендерецки" е креирано со голем ентузијазам од страна на тројца од најдобрите и најзначајни полски музичари на денешницата. Долги години тие биле блиски со легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки и со неговиот огромен творечки опус. Секој од членовите на ова трио – талентираниот пијанист Конрад Сколарски, виртуозот на виолина Наджицки како и сензационалниот виолончелист Карол Марјановски има независна кариера во нивната родна земја и во странство. Тие се лауреати на бројни интернационални натпревари, и имаат концертни настапи во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија. Како солисти и камерни музичари (двајцата гудачи до неодамна беа јадро на Квартетот „Мекоре"), сите членови на триото „Пендерeцки" настапувале во познати концертни сали како Аудиториумот во Мадрид, „Вигмор хол", „Кадоган хол" и „Мењухин хол" во Лондон, „Музиквераин" во Виена, „Бозар" во Брисел, Фрик Колекцијата во Њујорк, уникатниот „Полак" хол во Монтреал, големата сала на Варшавската филхармонија, Големата сала на Московскиот конзерваториум, концертната сала „Арам Хачатуријан" во Eреван, „Атенеум" во Букурешт.

Иако постојано настапуваат или снимаат, секој од музичарите настојува да има независна кариера, па така секој од нив остварува соработки со исклучителни музичари како: Алфред Брендл, Гунтер Пихлер, Герхард Шулц, Валентин Ербен, Хаиме Мулер, Павел Гилилов и квартетот „Артемис". Како солисти настапуваат со реномирани диригенти меѓу кои: Кшиштоф Пендерецки, Михаил Јуровски, Џо Ан Фалета, Лукаш Борович, Валериј Гиергиев, Максим Венгеров, Кристијан Јарви, Џанкарло Гуерреро, Сергеј Смбатјан, Масимилијано Калди и Пол Гудвин. Настапуваат со врвни светски оркестри како Лондонската филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, МДР симфонискиот оркестар и оркестарот „Симон Боливар" од Венецуела.

Добитници се на бројни награди на натпревари, но и нивните снимени изданија добиваат бројни признанија од стручната музичка јавност. Така добитници се на наградата „Суперсоник" која ја доделува германското музичко списание „Пицикато", наградени се со дури пет „Златни дијапазони" од страна на француското списание „Дијапазон", а неколку пати се номинирани за полската награда „Фредерик".

Образованието, овие тројца уметници го стекнуваат на Високата школа за музика во Келн, на Бостонскиот конзерваториум, на Универзитетот за музика „Фредерик Шопен" во Варшава на Академијата „Падеревски" во Познан каде сега се занимаваат со педагогија.

Триото „Пендерецки" има голема чест да го носи името на нивниот ментор, Кшиштоф Пенедерецки, еден од најзначајните живи полски композитори кој со своите дела и уметничка личност остава огромен белег врз културниот живот во Полска во минатиот, но и во овој век./МИА

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

 Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција.

- Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески.

Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име на оркестарот, изрази задоволство од соработката.

- Ова ќе биде балканска и македонска премиера. Сметам дека многу одговорно пристапуваме кон нашата задача, да го исполниме „Македонисимо“ најдобро што можеме, бидејќи ние како Македонци, сметам дека нашите ора, би можеле да ги изведеме најубаво, бидејќи најубаво и ги чувствуваме. А всушност тоа е музиката, чувствата да ги пренесеме кон публиката, подвлече Спасовска.

Композиторот Панде Шахов нагласи дека проектот е симболичен, бидејќи дава шанса на исклучително талентирани музичари да свират заедно, нагласувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина.

На средбата беше кажано дека концертите се на стартот од првото издание на Скопје Интернационалниот музички фестивал.

Притоа, беше нагласено дека по распродадениот прв концерт, закажан за 1 април, закажан е втор концерт на 31 март.

Костадиновска-Стојчевска на средба со Јоли: Соработката со Албанија дава резултати

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли, со кој разговараа за соработката помеѓу Македонија и Албанија во областа на културата, за досегашната реализација на проекти.

„Имаме одлична соработка и секоја укажана прилика ја користиме за продлабочување на пријателските врски меѓу двете држави. Традиционално добрите односи со Албанија дополнително ги зајакнуваме со прекуграничната соработка, како најдобар европски модел за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Префектот на округот Корча, Нерти Јоли на средбата рече преку сериозна и темелна соработка на двете држави, важни проекти и иницијативи се реализирани во културата, инфраструктурата и туризмот, изразувајќи интерес за партнерство во идните проекти.

Костадиновска-Стојчевска и Јоли се согласија дека Пустец е посебен за двете држави и дека со унапредување на соработката не само во областа на културата ќе може да се направи многу повеќе за граѓаните од двете страни на границата.

Министерката потенцирање дека успешно реализираната иницијатива „Денови на македонската култура во Корча“ во која учество зеде и Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и Министерството за култура има големи придобивки во контекст на унапредувањето на културната соработка меѓу двете држави и изрази уверување дека оваа манифестација, со поддршка на округот Корча ќе стане традиционална, бидејќи е убава можност за промоција на македонската култура и истата ги негува релациите со Македонците во Корча.

На средбата беше истакната и петнаесетгодишната соработката помеѓу битолскиот универзитет со албанскиот универзитет Фан С. Ноли, како и за поддршката за промоција и афирмација на македонскиот јазик во Албанија, за што министерката Костадиновска –Стојчевска изрази верување дека иницијативата за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча ќе има уште поголем од младите и идни студенти, соопшти Министерството за култура.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

притисни ентер