Прилеп ги завршува подготовките за „Пивофест 2019", градските власти и јавните претпријатија со препораки

Прилеп ги заокружува подготовките за големата летна забавна манифестација „Пивофест" која ќе се одржува од 18 до 21 јули.

Веќе е затворен за сообраќај делот од булеварот „Гоце Делчев" во центарот на Прилеп каде на преку 4.000 метри квадратни ќе се поставуваат штандовите. Организаторите, прилепската локална самоуправа и скопскта фирма „Баги комуникации' најавуваат голема забава за сите посетители од земјава и од регионот, како и учество на голем број познати домашни и странски изведувачи за вкусовите за сите генерации. Организаторите гарантираат безбедност, но имаат препораки за одржувањето на јавната чистотоа за време на Пивофест.

Во пресрет на почетокот на „Пивофест 2019", од прилепското јавно претпријатие „Комуналец" е издадена согласност за поставување времени локации за собирање и отстранување отпад и за одржување на хигиената. За време на фестивалот, јавното претпријатие ќе собира, селектира и ќе отсатранува отпад грижејќи се за хигиената. За овој временски период ќе бидат ангажирани околу 70 лица, возила за подигање на отпад, патнички возила и две цистерни.

Тековно, се врши комплетно миење на улиците, тротоарите и на плоштадите во централното градско подрачје, како и темелно чистење и миење на улиците повеќето улици.

Според препораките од прилепски „Комуналец" кој е одговорен за одржувањето на хигиената на сите јавни простори, опствениците на штандовитесе задолжени за хигиената во закупениот простор.

– Паркирањето возила, дотур на стоки и паркирање на разладни возила не смее да се врши на зелените површини. Да се внимава со секој транспорт да не се уништуваат патеките, ивичниците и зелените површини, препорачувата од рпиелпското јавно претпријатие „Комуналец" и од локалната самоуправа.

По завршувањето на манифестацијата, ќе се изврши комплетно генерално чистење на просторот каде таа се одржува, а зелените површини за 20 дена ќе бидат доведени во првобитната состојба./МИА

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

притисни ентер