ЕК бара да продолжат истрагите за „бомбите" и да се најде решение за статусот на СЈО

По оставката на Катица Јанева, Европската Комисија во реакција за МИА порачува дека истрагите за илегалните прислушувања треба да продолжат.

-Европската Унија ја прима на знаење најавата на Катица Јанева дека има намера да поднесе оставка, се вели во писмената реакција на Европската Комисија.

Понатаму во коментарот, ЕК повторува дека е „важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство".

-Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања, стои во кусото соопштение од Европската Комисија./МИА

Димковски: Ако отстрелот биде задоволителен, војската нема да се активира

Министерот за земјоделство Трајан Димковски ќе ги следи најавените акции за отстрел на диви свињи викендов.

За Канал 5 вели дека ако ловџиите го исполнат голем дел од предвидената квота, има простор да се ревидира рокот.

 Со министерот Димковски  колегата Игор Манасиевски разговараше и за откупните цени и распределбата на картички за зелената нафта.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

Проштална средба на министерот Никола Димитров со амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска го прими во проштална средба амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон, пред завршување на неговиот мандат и заминување од земјата.

Министерот Димитров се заблагодари за исклучителниот придонес на амбасадорот Стафансон во развивањето на македонско-шведското пријателство, за што министерот Димитров му врачи и благодарница за неговиот плоден ангажман и искрена, отворена и конструктивна поддршка кон демократската трансформација и европските аспирации на нашата земја.

„Вашата мудрост, добронамерни и пријателски совети, како и професионалниот пристап во работата, оставија силен печат во нашето општество, а воедно и меѓу дипломатскиот кор како доајен. Особено ми претставува задоволство што меѓу другото, за време на Вашиот мандат беше интензивирана и размената на посети на високо ниво, а притоа беше усвоена и Декларација за соработка меѓу нашите две земји во 2017 година. Кралството Шведска продолжува да служи како наш модел и инспирација при преземање на реформските чекори во духот на европските вредности, а притоа уверен сум дека и Вашиот наследник ќе продолжи со иста динамика да го негува позитивниот тренд на билатерални односи.", рече Димитров на прошталната средба со амбасадорот.

Наднат претседател на месна заедница Шупли Камен и водостопански инспектор

Претседател на месна заедница Шупли Камен и државен водостопански инспектор, вчера во различно време, пријавиле во кумановската полиција дека биле нападнати, соопшти денеска СВР Куманово.

Според информациите на кумановската полиција, претседателот на месната заедница пријавил дека бил нападнат физички, а во вториот случај на инспекторката, која извршила увид на речно корито на Пчиња, вработен во сепарација се обидел насило да и го одземе записникот, соопшти денеска СВР Куманово.

Претседателот на Месната заедница „Шупли Камен", 52 годишниот,  Г.С.  вчера во 11:00 часот пријавил во полицијата  дека за време на протест и блокада на патот во кумановското село Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило.

Според пријавата во тоа време на местото, пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 Истиот ден но, во 20: 00 часот во СВР Куманово, 57 годишната  Л.З., државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина пријавила дека околу 15:30 часот, додека заедно со водостопански инспектор извршувала службени задачи, по извршување на  увидот на речното корито на река Пчиња, Б.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да и го земе записникот, но бил спречен од полициските службеници. СВР Куманово презема мерки за расчистување и на овој случај. /МИА

притисни ентер