Заев му се извинил на Вучиќ, српскиот претседател му пишал „поздрав друже“

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за телевизијата Пинк потврди дека добил извинување од премиерот Заев за делот од разговорот со руските комичари во кои коментира дека Вучиќ е руски човек.

Сепак, на пораката од македонскиот премиер, вели дека одговорил кратко, бидејќи како што кажа, не сакал да навлегува во суштината. Во интервјуто Вучиќ се осврнува и на делот од разговорот каде македонскиот премиер му вели на лажниот Порошенко дека е запознаен со тајна намера за размена на територии помеѓу Србија и Косово, за кои според српскиот претседател, се доказ дека Заев не разговарал со некој кој сериозно се разбира во преговорите.

Заев ми испрати извинување. Значи ви се јавил? Не, ми испрати порака. Не се јавил? Можеби и би се јавил, од каде да знам. Ми испрати порака, извини ако имаш нешто, јас му кажав поздрав друже, што друго да му кажам, сега јас на него да му објаснувам дали сум руски човек или не?

Кога некој на нас би ни го понудил тоа што тој го кажа, јас со двете раце би го прифатил. Далеку сме ние од тоа. И тоа ми покажува не зборел со некој кој нешто сериозно знае во врска со тие преговори и разговори, изјави Александар Вучиќ.

Прашан пак за пријателството со македонскиот премиер, во интервјуто Вучиќ кратко одговара дека го нарекува пријател, како и сите останати шефови на држави и влади од регионот, но во куртоазна смисла.

Дали Заев го сметате за пријател? Па јас не сум некој кој....луѓето во политиката, освен куртоазно може да ги нарече пријатели, секако сите ги нарекувам пријатели во таа куртоазна смисла

Снимката од руските пранкери Вован и Лексус која беше објавена минатата недела, предизвика бура од реакции за начинот на кој русите го добиле до македонскиот премиер, но и за комуникацијата која траела повеќе од една година со премиерот Заев, а во која биле споделувани и детали за политичари од регионот.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер