Лашкоска: Владата на Заев ги излажа УНЕСКО, експертите и охриѓани

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека предлог законот за заштитата на охридското подрачје е различен од тој што бил ставен на јавна расправа. 

 Вметната била одредба со која одлуките во советот ќе треба да се носат со Бадинтер, што според партијата, е класично политизирање.

Скандалозниот однос на Владата предводена од Заев кон Охрид и Охридскиот регион  добива свои уште поскандалозни продолженија.

Предлог законското решение за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион кое што е доставено во Собранието, деновиве можевме да видиме и слушнеме дека не е тоа на кое што било работено изминатиот период со граѓанските  организации запознати со проблемот.  Ова значи дека јавните расправи на оваа тема кои што биле правени биле буквално фрлени во корпа  заедно со сите експертски мислења кои биле изнесени.

Ова само го покажува односот на Власта кон експертската јавност.

Дополнително, можевме да слушнеме и видиме оти Владата тоа што го презентирала пред комитетот на УНЕСКО во Баку не соодествува со тоа кое што сега како предлог законско решение го нуди.

Владата на Заев со ова ги излажа и експерите и Унеско и сите граѓани на Охрид и Република Македонија. 

Да потсетиме,  спротивно на сите насоки оваа Влада вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со бадентер што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците.

Класично политизирање на една тема која треба експерти да ја уредуваат.

Да потенцирам, ова не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку ова го говорат медиумите, експертите и претставниците на невладините организации.

Почитувани,

Заев покажа дека приоритет му е политичкиот пазар наместо угледот на државата, граѓаните и градот Охрид. Тој на политички пазар е подготвен да стави и културните и природните богатства на Охрид и Македонија само да се зачува на власт.

Затоа бараме итно да се повлече ова предлог законско решение од собраниска процедура. Закон за Охрид и охридскиот регион има во сила и обврските кои ги имаат надлежните органи и институции и по овој закон можеа да си ги завршат и лани, и пред неколку месеци, но кога веќе ништо не реализирале, им препорачуваме тоа да почнат да го прават уште од денес. Без политизирање неопходно е да се отпочне со превземање на соодветни мерки со цел да се спречи губењето на статусот на градот во УНЕСКО.

Ако не се отпочне веднаш ќе стане очигледно дека и Охрид и Македонија имаат една и единствена дивоградба која го уништува угледот на државата. Тоа е владата на Зоран Заев, која мора што поскоро да се сруши на избори за да се врати достоинството и на Охриѓани и на сите граѓани на Македонија.

Во вторник средба Заев-Мицотакис во Њујорк

На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во вторник, на 24 септември, предвидена е средба на Зоран Заев со Кирјакос Мицотакис, според грчки извори, jави дописничката на МИА од Атина.

Ова ќе биде прва средба на премиерите на двете земји, откако по изборите во Грција на почетокот на јули годинава, имаше промена на власта кај јужниот сосед.

Кирјакос Мицотакис утре заминува за Њујорк, каде што ќе присуствува на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации, а освен со премиерот Заев, според информациите од Атина, предвидено е да оствари билатерални средби и со претседателот на САД, Доналд Трамп и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателите на Србија, Косово, Кипар, Грузија и Колумбија и со премиерите на Албанија, Австралија, Индија и Ерменија, но и со Генералниот секретар на ОН.

Во петок на 27 септември грчкиот премиер ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН.

Во грчката делегација што ја предводи премиерот на земјата, се и министерот за надворешни работи Никос Дендиас, заменикот министер под премиерот и владин портпарол Стелиос Пецас, заменикот МНР надлежен за економска дипломатија, Костас Франкојанис и заменикот МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис. /МИА.

Ќе се формира „Фонд за млади умови“ со поддршка на УНИЦЕФ

Се преземаат активности за формирање „Фонд за млади умови“кој ќе постои за поддршка на развојот на талентираните деца .

Оваа можност е резултат на повеќемесечната соработка на овој план меѓу фондот за иновации и УНИЦЕФ..

Во акција на полицијата во 20 градови приведени триесетина лица за нелегално поседување дрога

Богат плен на полицијата. 

Во рација во дваесет градови во државава уапсени триесетина лица за нелегално поседување дрога..

притисни ентер