Фон дер Лајен: Останувам посветена на започнување преговори за членство со Македонија и Албанија

Кандидатката за нов претседател на Европската комисија, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен вели дека останува посветена на започнување преговори за членство во ЕУ на  Македонија и Албанија.

Во одговорот на прашања на групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) во Европскиот парламент, Фон дер Лајен вели дека „е посветена на отпочнување преговори со Албанија и Македонија за идно членство во ЕУ" и покрај противењето на некои лидери на земји членки на Унијата, меѓу кои се и францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте.

Во писмото до СД, во пресрет на утрешното гласање во Европарламентот за нејзиниот избор на претседателската функција во Европската комисија, Фон дер Лајен наведува и дека планира да предложи „нов пакт" на ЕУ за миграција и азил. – Потребен ни е нов начин на прераспределба на товарот. Потребен ни е нов почеток, наведува Фон дер Лајен во одговорот.

Фон дер Лајен минатата недела при претставувањето на својата програма пред пратеничките групи во Европскиот парламент изјави дека Македонија претставува „светол пример" за тоа „што е можно да се постигне, кога луѓето пред себе имаат јасно поставена цел – во случајов членството во ЕУ".

– Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, порача Фон дер Лајен, залагајќи се за отворени врати кон земјите од источна Европа и Западниот Балкан кои сакаат членство во ЕУ.

Говорејќи за Договорот од Преспа на почетокот на месецов на средбата со нејзиниот грчки колега Евангелос Апостолакис, Фон дер Лајен истакна дека документот претставува „вистински европски договор, базиран на вредностите што ги има Европа", со кој „проблемот е претворен во можност".

– Длабоко ги почитувам храброста и решителноста на двете земји да одат напред кон Договорот од Преспа. Компромисите никогаш не се лесни, но го отвораат патот кон подобра иднина. Грција има долга и горда историја и ја роди европската идеја на демократијата. Грција и Македонија дадоа светол пример за тоа што значи Европа. Сите можеме да научиме од тоа – и тоа сите нас во Европа ќе нѐ направи посилни, изјави тогаш Фон дер Лајен во интервју за атинскиот весник „Та неа".

Фон дер Лајен во својство на германска министерка за одбрана ја посети земјава во септември 2018 година, непосредно пред одржувањето на референдумот за името, при што порача дека посакува „обединета и единствена Европа".

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата.

Полицијата во Мериленд соопшти дека станува збор за двајца мажи, на возраст од 26 и 35 години, од Гватемала и Мексико. Двајцата работници биле дел од градежната екипа од шест лица која во моментот на несреќата била на должност на мостот „Френсис Скот Ки“..

Останатите четворица работници се уште се водат за исчезнати, а 18 часа по несреќата беше објавено дека се претпоставува дека се мртви.. Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД..

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер