Концерт на Националната опера и балет на „Охридско лето"

Во црквата „Света Софија" вечер концерт ќе одржи Националната опера и балет во рамките на музичкиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето".

Редовни гости на фестивалот се солистите, диригентите и ансамблите на нашата опера и балет. Првиот настан на „Охридско лето" на 4 август во 1961 година е солистичкиот концерт на Aна Липша – Тофовиќ – мецосопран.Тој податок кажува за посветеноста и респектот што ансамблите на Националната опера и балет го имаат кон фестивалот „Охридско лето".

Националната опера и балет опстојува во континуитет 72 години. Основана е во 1947 година во рамките на тогашниот Македонски народен театар, кој до 2004 година имаше три ансамбли: драма, опера и балет. Со акт на Владата на Република Македонија, официјализирана е како самостојна Национална установа во 2004 година со назив: Национална установа „Македонска опера и балет", а од минатата година преименувана во Национална установа, „Национална опера и балет", со седиште во Скопје.

Своите почетоци ги реализира со тогашните расположиви професионални кадри, надополнети преку аудиции со членови од аматерските оркестарски и хорски ансамбли. Со доаѓањето на светски познатиот диригент Ловро Матачиќ, почнува подемот на операта. Се комплетираат оркестарот, хорот и солистичката екипа и почнува да се реализира разновидна репертоарска политика, со назнака на т.н. „железен репертоар".

Овие услови овозможуваат развој и квалитет на ансамблот, што од друга страна придонесува за можност од претставување и надвор од границите на Македонија, во сите тогашни центри на поранешна Југославија (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Нови Сад), но и во странство: Лоѓ (Полска), Нирнберг (Германија), Стразбур (Франција), Букурешт (Романија), Софија (Бугарија), Тирана (Албанија)…

Растот и развојот на Националната опера и балет придонесуваат за поголем интерес и посетеност од страна на публиката, што било поттик во 1972 година да се востанови фестивалот „Мајски оперски вечери". Овој фестивал е еден од ретките оперски фестивали во Европа. Годинава тој се одржа по 47. пат, што навистина претставува бројка за почит. На фестивалот, но и во тековниот репертоар на куќата, гостувале врвни оперски уметници од целиот свет. /МИА

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

притисни ентер