СДСМ: Снимката го потврдува она што јавноста добро го знае

Од СДСМ велат дека објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска за случајот со смртта на Мартин Нешковски, само го потврдило она што јавноста многу добро го знаела.

Сметаат дека оние што се обиделе да го прикријат убиството, преку извртување на вистината, се обиделе да се исперат за своите злодела.

Деновиве јавноста гледа како оние што се обидоа да прикријат убиството на Мартин Нешковски поради полициска бруталност, на дрзок и безобразен начин, преку извртување на вистината, се обидуваат да се исперат за своите злодела.

Тие ли најдоа да зборуваат за Мартин Нешковски?

Да не бевте вие, новинарите, убиството ќе останеше скриено до крај.

Што покажува објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска. Само го потврдува она што јавноста веќе многу добро го знае.

Никола Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување!

Дури отакако медиумите го открија случајот, ги фаќа паника, заедно коваат план како да прикријат, јавноста да не ја дознае вистината и договараат медиумски спектакли исто како за Љубе Бошковски!

Груевски зборува дека ќе го разрешел Урко – а тоа не се случува. Урко е разрешен дури 3.5 години подоцна.

Обезбедувањето на Никола Груевски кој беше дел од неговата партиска полиција уби млад човек.

Неговата министерка го криеше убиството.

Нивниот портпарол на МВР криеше убиство.

Груевски ангажирал да го штитат луѓе кои убиваат.

Јасно е.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ до денеска не научија, дека од вистината и од одговороноста бегање нема!

Никола Груевски ќе се соочи со казната.

Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ

МЗ: На кардиологија за првпат изведено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорт

Од Клиниката за Кардиологија информираат дека за првпат самостојно од тимот лекари беше изведено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта кај 42 годишен пациент.

На пациентот му било дијагностицирано раскинување на ѕидот на градната аорта, по сообраќајна незгода со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови. Ова претставува животно загрозувачка повреда која носи ризик од масивно крварење, без можност за прекин, поради што смртноста е скоро 100%.

Итно беше организиран тим од двајца интервентни кардиолози д-р Жан Зимбаков и д-р Оливер Бушљетиќ, васкуларен хирург д-р Мишел Андов и анестезиологот Стефанија Ханџиска.

„Стентирањето на аортата, успешно го изведуваме при аневризми (проширувања) на дел од градната и стомачна аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност. Овие процедури, заедно со ТАВИ процедурите (не-хируршко поставување на аортна валвула), стентирањето на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходно и основно, пред многу други работи, за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број на интервенции и целосната материјална опременост која ја имаме, нашиот центар е единствен и водечки во земјата, и на ниво на најголемите европски центри", изјави директорот на Клиниката, д-р Жан Зимбаков.

Во ангио-сала на клиниката, кај пациентот, во целосна анестезија, беше направена хируршка препарација на артерија на ногата, со што се отвора место во артеријата за да се внесе посебен вид на стент обложен со материјал. Стентот со дијаметар 30 мм и должина 200 мм, беше поставен веднаш после артерија субклавија, односно артеријата која носи крв во левата рака и главата. Сложеноста на оваа процедура е позиционирањето на стентот. Тој треба да го покрие раскинувањето на ѕидот на аортата, кое беше на самиот отвор на артеријата за раката, но притоа стентот да не го прекине протокот на крвта за раката и главата.

Процедурата помина уредно, со целосно покривање на оштетувањето на аортата и со зачуван проток кон раката и главата. Артеријата на ногата хируршки беше "сошиена", а пациентот успешно разбуден после анестезијата.

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Заев: Разговараме за стабилна четиригодишна Влада

Денеска добиваме нов Дом на демократијата на Македонија и на сите македонски граѓани.

Нашиот Парламент денеска ја одржа првата конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на Парламентарните избори на 15 јули.

Во име на СДСМ, коалицијата МОЖЕМЕ и на сите 46 избрани наши пратеници, уште еднаш им благодарам на граѓаните за демократскиот капацитет и одговорноста кои беа демонстрирани на изборите – и уште еднаш уверувам дека нашите 46 пратеници, а сигурен сум дека има уште многу такви пратеници во овој состав - заедно ќе покажеме уште поголема одговорност кон сопствениот народ и сопствената држава – ќе градиме независен парламент – ќе ги претставуваме пред се интересите на граѓаните и на државата, пред партиските интереси – ќе му служиме на народот!

Државата им припаѓа на сите подеднакво. Државата е наша заедничка одговорност. Со оваа кауза денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата.

Овој наш заеднички дом ќе ја избере и следната демократска, политичка, одговорна, европска Влада. Ние од денеска почнуваме преговори за нов четири-годишен, полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот, мнозинство кое ќе ни донесе стабилна и посветена четири-годишна Влада која е подготвена да сработи.

Ќе разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика "Северна Македонија – Едно општество за сите".

Ќе разговараме за Влада која е решена и која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа – секој ќе си ја носи сопствената одговорност, без разлика дали доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

Особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе го договориме.

Идните чинители во новата Влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборувам за ПРОМЕНА која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Зборувам за помал број министри и за рационализација на јавните служби, но за поголем број и побрзи услуги за граѓаните.

Конечно, Владата за која ќе разговараме, на првото место од својата европска и граѓанска агенда, ќе ја има НОВАТА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА. Главните принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашниот приватен сектор.

Јакнењето на економскиот стандард на сите наши граѓани ќе биде императив на новата Влада.

Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори поставени на сериозни принципи кои ќе ни донесат сериозна и посветена - Влада која движи брзо напред по европскиот пат, односно Влада посветена на економијата и правдата. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја.

Тоа го побараа граѓаните, тоа ќе го испорачаме.

Очекувам дека за 10 - 15 дена ќе имаме исход од овие преговори и дека многу скоро ќе ги кренеме македонските институции во полн капацитет да можат да се справуваат со најголемиот предизвик, невидливиот непријател КОВИД-19. Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици на болниците – пред нас е заедничка борба за јавното здравје и за економски напредок.

Не` чека двојно повеќе и подобра работа – со ангажман на секој од нас, уверен сум дека заедно, одговорно и посветено - Ќе успееме!

Затоа што навистина можеме! Можеме повеќе и подобро!

Зоран Заев, претседател на СДСМ

Истече рокот за непознатиот газда на дивоградбата пред Мавровка да го сруши објектот

Сите законски рокови истекоа, ниту општина Чаир, ниту МВР и Обвинителството не го најдоа инвеститорот кај „Мавровка“. 

Сите законски рокови истекоа, ниту општина Чаир, ниту МВР и Обвинителството не го најдоа инвеститорот кај „Мавровка“. Непознатиот сопственик не ја отстрани дивоградбата што „никна“ на местото на кафулето „Фонтана“ кое изгоре во пожар пред три месеци. Недоизградените бетонските столбови зјаат празни, нема никакво обезбедување, само случајни минувачи.

-И покрај тоа што истекоа сите законски рокови за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“, инвеститорот остана мистерија, а објектот се уште стои. Сега надлежноста за остранување е кај општина Чаир.

Се разбира дека објектот ќе биде урнат веднаш штом заврши тендерот за избор на фирма за отстранување на дивоградби, вели градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

- Рокот од 8 работни дена што го дадовме на тој што гради да го отстрани објектот, истекува денес. Доколку никој не го отстрани објектот до крајот на денот, Општината тоа ќе го стори веднаш штом заврши тендерот, кој го објавивме веднаш за да можеме да реагираме за ситуацијата“, вели Ганиу.

Тендерот за ангажирање на фирма за уривање на бесправно изградениот објект беше распишан на 27 јули и трае до утре, на 5 август. Потоа, ќе следува п јавно отворање на понудите и во зависност од динамиката на постапката и роковите за жалби, се очекува до средината на месецов да биде избрана фирмата, а нелегалниот објект да биде срушен за 30-40 дена.

Засега е безуспешна и истрагата на полицијата за пронаоѓање на тој што градел пред „Мавровка“. Од МВР и ОЈО за Канал 5 велат дека во заедничка координација се уште го истражуваат начинот на кој „никна“ објектот и прибираат докази. Од Обвинителството велат дека чекаат полицијата да ја комплетира истрагата и да ги известат.

притисни ентер