Фото: Американска амбасадорка Брнс воодушевена од Охрид

 Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Брнс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.

Брнс за посетата на Охрид и гастрономските специјалитети кои ги пробала во нашата земја, објави на официјалниот твитер профил на американската амбасада.

– Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата, пишува на твитер профилот на американската амбасада.

Во петокот Брнс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето" и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид. 

Трамп сака да ја повлече американската војска од Германија

Градоначалникот на баварското гратче Графенвер , Едгар Кноблох , каде се наоѓа едно од најголемите центри на американската војска во Европа , денеска рече дека не верува дека Трамп ќе ги оствари своите закани и ќе ја повлече војската од Германија.

,,Тука никој не верува во тоа. Секогаш се појавуваат вакви гласини.”, изјави градоначалникот.  

Тој истакна дека неодамна е зголемен бројот на војници и дека се изградени дополнителни инфраструктурни објекти како што се училишта и работилници за одржување на воена опрема.

Над 10.000 американски војници беа стационирани во градот и околината, некогаш лоцирани во близина на границата со поранешна Источна Германија. Американската воена база е исто така најголемиот работодавец во регионот и вработува над 3.000 германски цивили.

Кноблох исто така изрази загриженост во врска со повторните закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека, според него, Германија плаќа премалку во заедничкиот буџет на НАТО, па затоа ќе ги повлече трупите од Германија и ќе ги пренесе во Полска.

Пред посетата на Доналд Трамп во Европа и посетата на Полска, Вашингтон ги потврди своите размислувања за евентуално пренесување на дел од трупите од Германија кон Полска.

Пред посетата на Трамп на Полска, полскиот премиер Матеуш Моравиецки рече дека ќе се отвори воена база на САД во Полска, но се спротивстави на затворањето на базите во Германија.

На аеродромот во Сан Франциско веќе не се продава вода во пластични шишиња (ВИДЕО)

На аеродромот во Сан Франциско веќе нема пластични шишиња.

Патниците , кои ќе сакаат да се напијат вода, ќе пијат од специјално направени фонтани , да понесат со себе шише за повеќекратна употреба или на самиот аеродром да купат стаклено или метално шише.

Поточно, аеродромот во Сан Франциско на своите списоци за ограничена храна ги додаде и пластичните шишиња за еднократна употреба, како дел од нејзините напори да стане првиот аеродром со нулта пластичен отпад до 2021 година. Според непрофитната организација Зеро отпад алијанса, нулта ниво значи дека најмалку 90% од отпадот се рециклира или се компостира.

На споменатиот аеродром продажбата на прочистена, газирана или минерална вода во пластични шишиња е официјално забранета. Ова значи дека продавачите, вклучително и автоматските машини, веќе не можат да продаваат или испорачуваат бесплатна вода во пластично шише, кутија, корпа или друг сад за еднократна употреба од 1 литар или помалку.

Продавачите ќе можат да понудат садови  за вода од алуминиум, стакло или биоразградлива материја , а патниците ќе можат да донесат со себе празно пластично шише или стаклено за еднократна употреба што ќе можат да го наполнат со вода на околу сто бесплатни славини.

Мигрант спиел на пруга и бил прегазен од воз во Грција

Грчката полиција го пронашла безживотното тело на мигрантот кој го прегазил воз во близина на границата со Турција.

Полицијата наведува дека мигрантот најверојатно заспал на шините. Друг мигрант од Ирак кој успеал на време да се тргне од шините, и рекол на полицијата дека прегазениот маж спиел на пругата.

Се ова се случило вчера во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на северистокот од земјата, пренесува „AP“.

Преживеаниот мигрант и рекол на полицијата дека и двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

притисни ентер