Фото: Српскиот кошаркар Кузмиќ тешко повреден во сообраќајка кај Бања Лука, со хеликоптер пренесен во Белград

Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид, српскиот репрезентативен центар Огнен Кузмиќ е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Бања Лука. 

Поради тешките повреди новиот член на Црвена Ѕвезда итно се хеликоптер е пренесен во Ургентниот центар во Белград.

Кузмиќ поради повредите добиени во сообраќајната несреќа се наоѓа во кома, поради што итно морал да биде превезен во Белград.

Сообраќајната несреќа се случила утрово кога Кузмиќ со своето порше во кое бил и негов пријател се судрил со автомобил БМВ во кое биле двајца жители на Приедор.

По судирот поршето на Кузмиќ се првртело неколку пати и завршило на полјаната крај патот. Кузмиќ во судирот здобил тешки повреди на главата и градниот кош, ги скршил долната и горната вилица и во моментов е во кома. Според лекарите неговиот живот е загрозен.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер